Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch GHO 12V-20 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GHO 12V-20 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-2967-001.book Page 145 Tuesday, June 6, 2017 10:34 AM
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата 5 притиснете на копчињата за
отворање 6 и извлечете ја батеријата наназад од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Замена на алатот
Клучот со внатрешна шестаголна глава 18 потребен за
замена на ножевите на рендето е сместен во
внатрешноста на електричниот алат и секогаш треба да се
чува таму (види слика F).
Внимавајте на напомените за отстранување.
Bosch Power Tools
 Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не
го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење. Може да се повредите од острите рабови за
сечење.
Користете само оригинални Bosch HM/TC-секачи за
ренде.
Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2 секачи
и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи,
секачот на рендето 17 мора да се замени. HM/TC-секачот
на рендето не смее дополнително да се остри.
Вадење на секачот на рендето (види слика A)
За вртење или менување на ножот на рендето 17 свртете
ја главата на ножот 19, додека не дојде паралелно со
подвижната подлога на рендето 14.
 Олабавете ги двата шрафа за прицврстување 21 со
инбус клуч 18 со 1 – 2 вртења.
 Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент
20 со лесно удирање со соодветен алат, напр. дрвен
клин.
 Притиснете ја страничната заштита на назабеното
сечило 8 надолу и извадете го странично сечилото на
рендето 17 со дрвено парче од главата на ножот 19.
Ставање на секачот на рендето (види слика B)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менувањето одн.вртењето.
Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во
затезниот елемент 20 и секачот на рендето 17.
При монтажата на сечилото на рендето внимавајте тоа
беспрекорно лежи во водилката на прифатот на затезниот
елемент 20 и да се израмни со страничниот раб од задната
подлога на рендето 9. На крај затегнете ги 2 завртки за
прицврстување 21 со клучот со внатрешна шестаголна
глава 18.
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
шрафовите за прицврстување 21 добро се налегнати.
Свртете ја главата на секачот 19 со рака и проверете дали
секачот на рендето струже на некое место.
Напомена: Во фиоката 7 може да се остави резервен нож
17 (види слика E).
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
Македонски | 145
1 609 92A 24V | (6.6.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido