OBJ_BUCH-2328-002.book Page 134 Thursday, January 15, 2015 3:25 PM
134 | Македонски
Монтажа
Пред било каква интервенција на одвртувачот со додаток за
дупчење (на пр. одржување итн.) како и при негов транспорт и
складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во
средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот
за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Ставање на додатокот за дупчење (види слики A1–A2)
– Пред монтажата на додатокот за дупчење 1 гуменото капаче 7 на
одвртувачот мора да го извлечете нанапред.
– На крај ставете го додатокот за дупчење 1 на одвртувачот.
Додатокот за дупчење со ознака за затворање на прстенот за
отклучување 4 може да се монтира нагоре или поместен за 45°.
Ќе слушнете како се вклопува додатокот за дупчење.
Демонтажа (види слики B1–B2)
– Свртете го прстенот за отклучување 4 во правец на вртење и
извлечете го додатокот за дупчење нанапред ().
– Повторно ставете го гуменото капаче 7 на одвртувачот.
Монтирање на алатот што се вметнува (види слика C)
– Извлечете ја чаурата за заклучување 3 нанапред, алатот што се
вметнува ставете го до крај во прифатот за алат 2 и повторно
олабавете ја чаурата за заклучување 3, за да го блокирате алатот за
вметнување.
Употреба
Ставање во употреба
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само
доколку го користите.
Поставете го правецот на вртење
IXO (3 603 JA8 0..) (види слика D1)
– Тек на десно: За дупчење и завртување на завртки притиснете го
прекинувачот за промена на правецот на вртење 5 до крај
нанапред.
– Тек на лево: За олабавување одн. за одвртување на завртки
притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење 5
наназад.
1 609 92A 10F | (15.1.15)
Bosch Power Tools