Bosch GRL Professional 250HV Manual Original página 261

Ocultar thumbs Ver también para GRL Professional 250HV:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
OBJ_BUCH-757-008.book Page 261 Monday, March 24, 2014 11:19 AM
Режими на работа за ротациониот ласер
Преглед
Сите три начини на работа се возможни во хоризонтална и
вертикална положба на мерниот уред.
Ротационен режим
Ротациониот режим е особено
препорачлив доколку се применува
ласерскиот приемник. Може да бирате
меѓу различни брзини на ротација.
Линиски режим
Во овој режим на работа,
варијабилниот ласерски зрак се движи
во ограничен агол на отворање.
Притоа, видливоста на ласерскиот зрак
е зголемена во споредба со
ротациониот режим. Може да бирате
меѓу различни агли на отворање.
Точкаст режим
Во овој режим на работа се постигнува
најдобра видливост на варијабилниот
ласерски зрак. Тој напр. служи за
едноставно пренесување на висини
или за контрола на правите линии.
Ротационен режим (150/300/600 min
По секое вклучување, мерниот уред се наоѓа во
ротационен режим со средна брзина на ротација.
– За менување од линиски во ротационен режим,
притиснете го копчето за ротационен режим 5 или
копчето 25 за далечинско управување. Ротационен
режим стартува со средна брзина на ротација.
– За промена на брзината на ротација, одново
притиснете го копчето за ротационен режим 5 или
копчето 25 на далечинскиот управувач, додека не ја
постигнете саканата брзина.
При работа со ласерски приемник, треба да ја изберете
најголемата брзина на ротација. При работа без ласерски
приемник, ја намалувате брзината на ротација за подобра
видливост на ласерскиот зрак и користите ласерски очила
38.
Линиски режим, точкаст режим
(10°/25°/50°, 0°)
– За промена во линиски режим одн. точкаст режим,
притиснете го копчето за линиски режим 11 или
копчето 26 на далечинскиот управувач. Мерниот
апарат се менува во линиски режим со најмалиот агол
на отворање.
– За промена на аголот на отворање, притиснете го
копчето за линиски режим 11 или копчето 26 на
далечинскиот управувач. Аголот на отворање се
зголемува за два степена, истовремено се зголемува и
Bosch Power Tools
брзината на ротација со секој степен. Со третото
притискање на копчето за линиски режим, мерниот
уред, после кратко осцилирање, се менува во точкаст
режим. Со одново притискање на копчето за линиски
режим води назад кон линиски режим со најмалиот
агол на отворање.
Напомена: Поради инерција, ласерот осцилирајќи може
да излезе преки крајните точки на ласерската линија.
Вртење на ласерската линија/ласерската
точка одн. ротационото ниво
(види слика A)
Во хоризонтална положба на мерниот уред, може да ја
позиционирате ласерската линија (при линиски режим)
одн. ласерска точка (при точкаст режим) на нивото на
ротација на ласерот. Можно е вртење за 360°.
Свртете ја рачно ротационата глава 10 во саканата позиција
или користете го далечинскиот управувач: За вртење во
правецот на стрелките на часовникот, притиснете го
копчето 28 на далечинскиот управувач, за вртење во
правец спротивен на стрелките на часовникот, притиснете
го копчето 29 на далечинскиот управувач. Во ротационен
режим, притискањето на копчето нема дејство.
Во вертикална положба на мерниот уред, може да ги
свртите ласерската точка, ласерската линија или нивото
на ротација околу вертикална оска. Вртењето е можно
само во полето на самонивелирање (5° на лево или на
десно) и само со помош на далечински управувач.
За вртење на десно, притиснете го копчето 28 на
далечинскиот управувач, за вртење на лево копчето 29 на
-1
)
далечинскиот управувач.
Автоматика на нивелирање на ротациониот
ласер
Преглед
По вклучувањето, мерниот уред самостојно ја препознава
хоризонталната одн. вертикалната положба. За менување
меѓу хоризонтална и вертикална положба, исклучете го
мерниот уред, позиционирајте го одново и повторно
вклучете го.
По вклучувањето, мерниот уред автоматски ја проверува
хоризонталната одн. вертикалната положба и ги
израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од
околу 8 % (5°).
Доколку по вклучувањето или по промена на положбата,
мерниот уред стои повеќе од 8 % косо, нивелирањето не е
повеќе можно. Во овој случај, роторот ќе запре, ласерот
трепка и приказот за нивелирање 3 свети непрекинато
црвено. Одново позиционирајте го мерниот уред и
почекајте го нивелирањето. Без одново позиционирање,
по 2 мин. автоматски се исклучува ласерот и по 2 ч
мерниот уред.
Доколку мерниот уред е изнивелиран, тој постојано ја
проверува хоризонталната одн. вертикалната положба.
При промени во положбата, автоматски се врши
нивелирање. За избегнување на погрешни мерења, за
време на процесот на нивелирање, роторот стопира,
ласерот трепка и приказот за нивелирање 3 трепка
зелено.
Македонски | 261
1 609 92A 0D9 | (24.3.14)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido