Bosch GRL Professional 250HV Manual Original página 262

Ocultar thumbs Ver también para GRL Professional 250HV:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
OBJ_BUCH-757-008.book Page 262 Monday, March 24, 2014 11:19 AM
262 | Македонски
Функција за предупредување за удар
Мерниот уред има функција за предупредување за удар,
која при промени на положбата одн. потреси на мерниот
удар или при вибрации на подлогата го спречува
нивелирањето на променетата висина и со тоа и грешките
во висина.
– За вклучување на предупредувањето за удар,
притиснете го копчето предупредување за удар 2.
Приказот за предупредување за удар 1 свети
непрекинато зелено и по 30 секунди се активира
предупредувањето за удар.
Доколку при промена на положбата на мерниот уред се
пречекори полето на точност на нивелирање или се
регистрира јак потрес, се активира предупредувањето за
удар: Ротацијата запира, ласерот трепка, приказот за
нивелирање 3 се гаси и приказот за предупредување за
удар 1 трепка црвено. Актуелниот начин на работа ќе се
зачува.
– При активирано предупредување за удар, притиснете
го копчето за предупредување за удар 2 на мерниот
уред или копчето за ресетирање на предупредувањето
за удар 27 на далечинскиот управувач. Функцијата за
предупредување за удар одново ќе се стартува и
мерниот уред започнува со нивелирање. Штом ќе се
изнивелира мерниот уред (приказот за нивелирање 3
свети непрекинато зелено), тој стартува во зачуваниот
начин на работа. Сега проверете ја висината на
ласерскиот зрак на референтна точка и коригирајте ја
соодветно висината.
Доколку при активирано предупредување на удар,
функцијата не стартува одново со притискање на копчето
2 на мерниот уред или на копчето за ресетирање на
предупредувањето за удар 27 на далечинскиот
управувач, по 2 мин. се исклучува ласерот и по 2 часа
мерниот уред.
– За исклучување на функцијата за предупредување за
удар, притиснете го копчето за предупредување за
удар 2 еднаш, одн. при активирано предупредување за
удар (приказ за предупредување на удар 1 трепка
црвено) два пати. При исклучено предупредување за
удар, приказот за предупредување за удар 1се гаси.
Со далечинскиот управувач, функцијата за
предупредување за удар не може да се вклучи или
исклучи, туку може само одново да се стартува со
активирање.
Точност на нивелирање на ротациониот ласер
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено
температурните разлики кои се движат од подот нагоре
може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Отстапувањата од околу 20 м мерна линија се земаат како
важни и можат при 100 м апсолутно да изнесуваат
двократно или четирикратно од отстапувањето при 20 м.
1 609 92A 0D9 | (24.3.14)
Бидејќи температурните разлики се најголеми во близина
на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на
статив почнувајќи од мерната линија од 20 м. Доколку е
возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на
работната површина.
Проверка на точност на мерниот уред
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да
доведат и влијанијата специфични за уредот (како на.пр.
падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба
проверувајте ја точноста на уредот.
За контрола, потребна ви е слободна мерна линија од 20 м
на цврста подлога помеѓу два ѕида A и B. Вие морате – при
хоризонтална положба на мерниот уред – да извршите
наизменично мерење преку двете оски X и Y (секогаш
позитивно или негативно) (4 комплетни мерни постапки).
– Монтирајте го мерниот уред во хоризонтална положба
во близина на ѕидот A на еден статив 37 (опрема) или
поставете го на цврста, рамна подлога. Вклучете го
мерниот уред.
A
20 m
– По завршување на нивелирањето, насочете го
ласерскиот зрак во точкаст режим во близина на ѕидот
A. Обележете ја средината на точката на ласерскиот
зрак на ѕидот (точка I).
A
180°
– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се
нивелира и означете ја средината на точката на
ласерскиот зрак на спротивниот ѕид B (точка II).
– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во
близина на ѕидот B, вклучете го и оставете го да се
нивелира.
B
B
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido