Bosch GRL Professional 250HV Manual Original página 264

Ocultar thumbs Ver también para GRL Professional 250HV:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 42
OBJ_BUCH-757-008.book Page 264 Monday, March 24, 2014 11:19 AM
264 | Македонски
Работење со мерна плоча за плафони (види слика B)
Мерната плоча за плафони 44 може да се користи напр. за
едноставно израмнување по висина на прикачените
плафони. Прицврстете ја мерната плоча за плафони со
магнетен држач напр. на еден носач.
Рефлектирачката половина на мерната плоча за плафони
ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при
неповолни услови, низ транспарентна половина,
ласерскиот зрак е исто така препознатлив и од задната
страна.
Работење со целна табла за ласерот (опрема)
(види слика C)
Со помош на целната табла за ласерот 43 ознаката од
ласерот може да ја пренесете на подот, одн. висината на
ласерот да ја пренесете на ѕид. Со помош на магнетниот
држач, целната табла за ласерот може да се прицврсти и
на плафонски конструкции.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите
отстапувањето кон саканата висина и повторно да го
пренесете на друго место. На тој начин отпаѓа точното
подесување на мерниот уред на висината на која треба да
се пренесе.
Целната табла за ласерот 43 има рефлектирачки слој, кој
ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи
растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето
на осветлувањето може да се препознае само кога гледате
паралелно кон ласерскиот зрак на целната табла за
ласерот.
Работење со мерна летва (опрема) (види слика J)
За контрола на нерамнини или за нанесување на косини се
препорачува користење на мерна летва 36 заедно со
ласерскиот приемник.
На мерната летва 36 горе има нанесено релативна мерна
скала (±50 см). Нејзината нулта висина може да ја
изберете долу на излезот. На тој начин директно се
отчитуваат отстапувањата од зададената висина.
Примери за работа
пренесување/контрола на висини (види слика C)
– Поставете го мерниот уред во хоризонтална положба
на цврста подлога или монтирајте го на статив 37
(опрема).
1 609 92A 0D9 | (24.3.14)
– Работење со статив: израмнете го ласерскиот зрак на
саканата висина. Пренесете ја одн. проверете ја
висината на целното место.
Работење без статив: Пронајдете ја висинската разлика
помеѓу ласерскиот зрак и висината на референтната
точка со помош на целната табла на ласерот 43.
Пренесете ја одн. проверете ја измерената висинска
разлика на целното место.
Израмнете ја паралелно вертикалната ласерска
линија/нанесете прав агол (види слика D)
Доколку треба да се нанесе прав агол или да се израмнат
меѓуѕидовите, мора да ја израмните вертикалната
ласерска линија 9 паралелно, т.е. во исто растојание со
референтната линија (напр. ѕид).
– За ова, поставете го мерниот алат во вертикална
положба и позиционирајте го на тој начин што
вертикалната ласерска линија ќе оди скоро паралелно
на референтната линија.
– За точно позиционирање измерете го растојанието
меѓу вертикалната ласерска линија и референтната
линија директно на мерниот уред со помош на целната
табла за ласерот 43. Измерете го одново растојанието
помеѓу вертикалната ласерска линија и референтата
линија во што е можно поголемо растојание од мерниот
уред. Насочете ја вертикалната ласерска линија, така
што ќе има исто растојание кон референтната линија,
како и при мерењето директно на мерниот уред.
Ќе се прикаже правиот агол кон вертикалната ласерска
линија 9 со помош на варијабилниот ласерски зрак 6.
Прикажување на вертикала/вертикално ниво
(види слика E)
За прикажување на вертикала одн. вертикално ниво,
поставете го мерниот уред во вертикална положба.
Доколку вертикалното ниво треба да биде под прав агол
(напр. ѕид), израмнете ја вертикалната ласерска линија 9
на оваа референтна линија.
Вертикалата се прикажува преку варијабилниот ласерски
зрак 6.
Вртење на ротационото ниво во вертикална положба
(види слика F)
За да ја израмните ласерската линија или ротационото
ниво на една референтна точка на ѕид, поставете го
мерниот уред во вертикална положба и израмнете ја
ласерската линија одн. ротационото ниво грубо на
референтната точка. За точно подесување на
референтната точка притиснете го копчето 28 (вртење на
десно) или копчето 29 на далечинскиот управувач
(вртење на лево).
Работење без ласерски приемник (види слика G)
При поволни светлосни услови (темна околина) и на
кратки растојанија може да работите без ласерски
приемник. За подобра видливост на ласерскиот зрак
изберете или линиски режим, или точкаст режим и свртете
ја ротационата глава 10 рачно кон целното место.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido