Надворешно Всисување - Bosch GCM 216 Manual Original

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 40
За време на сечењето, ќесата за прав никогаш не треба
да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја ќесата за прав.
Проверете ја и исчистете ја ќесата за прав по секоја
u
употреба.
За да избегнете опасност од пожар, при сечење на
u
алуминиум, извадете ја ќесата за прав.
Надворешно всисување
За всисување, на исфрлувачот на струготини (31) може
да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 36 mm).
– Поврзете го цревото за всисување на прав со
исфрлувачот на струготини (31).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слика
D1−D3)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
u
ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (9)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (39) со клучот со внатрешна шестаголна глава
(6 mm) (32) и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното (28), додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (28) и
одвртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава (39) во правец на стрелките на часовникот (лев
навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (40).
– Извадете го сечилото за пилата (41).
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Bosch Power Tools
Монтирање на сечилото за пила
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот капак!
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете го осцилаторниот заштитен капак (9)
наназад и држете го во оваа позиција.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница (42).
– Поставете ги стезната прирабница (40) и завртката со
внатрешна шестаголна глава (39). Притиснете ја
блокадата на вретеното (28) додека не се вклопи и
затегнете ја завртката со внатрешна шестаголна глава
во правец спротивен на стрелките на часовникот.
– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
надолу.
Употреба
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач (34) Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (4),
за да го ослободи транспортниот осигурувач (34).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач (34).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– За фиксирање на масата за сечење (12) затегнете го
копчето за фиксирање (15).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (4) надолу,
додека транспортниот осигурувач (34) целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Подготовка за работа
Продолжување на масата за пила (види слика F)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат
на слободниот крај или да се прицврстат.
Масата за сечење може да се зголеми на левата и десната
страна со помош на продолжниот држач (21).
– Олабавете ја завртката за затворање (13).
– Извлечете го продолжниот држач (21) нанадвор до
саканата должина.
Македонски | 245
1 609 92A 6DZ | (15.03.2021)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido