Безбедносни Напомени За Системи За Фино Прскање - Bosch PFS 5000E Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PFS 5000E:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
OBJ_BUCH-2026-005.book Page 217 Tuesday, May 24, 2016 1:38 PM
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за системи за фино
прскање
 Одржувајте го работното поле чисто, добро
осветлено и без садови со боја и растворачи, крпи и
останати запаливи материјали. Можна опасност од
самозапалување. Функционалните апарати за гаснење
на пожар треба да бидат достапни во секое време.
 Обезбедете добро проветрување во подрачјето на
прскање и доволен чист воздух во целата
просторија. Запаливите растворачи што испариле
создаваат експлозивна средина.
 Не прскајте и не чистете со материјали, чија точка на
палење е под 55 °C. Користете материјали на база на
вода, тешко испарливи или слични материјали.
Лесно испарливите разредени растворачи создаваат
експлозивна околина.
 Не прскајте во близина на извори на палење како
статички електрични искри, отворен пламен,
пламен за палење, врели предмети, мотори, цигари
и искри при ставање и вадење на струјни кабли или
Ознаки
Ознаки и нивно значење
Bosch Power Tools
користење на прекинувачи. Ваквите извори на
палење може да доведат до запалување на околината.
 Не прскајте материјали за кои не е познато дали
претставуваат опасност. Непознатите материјали
може да создадат опасни работни услови.
 Не распрскувајте средство за отстранување тапети
и врела вода. Прскајте само топла вода
(макс. 55 °C) без хемиски додатоци.
 Носете дополнителна заштитна опрема како на пр.
соодветни заштитни ракавици или заштитна маска
за дишење при прскањето или ракувањето со
хемикалии. Со носењето на заштитна опрема за
соодветните работни услови се намалува изложеноста
на опасни супстанци.
 Внимавајте на можните опасности од средствата за
прскање. Внимавајте на ознаките на амбалажата
или информациите на производителот на
средството за прскање, како и барањата за носење
на лични заштитни средства. Внимавајте на
упатствата на производителот за да го намалите
ризикот од пожар како и повредите од отровните и
канцерогени средства.
 Приклучокот на струјниот кабел и прекинувачот за
активација на пиштолите за прскање држете ги
подалеку од боја и други течности. Кабелот за
потпора никогаш не го држете за приклучните
врски. Доколку случајно згрешите, може да доведе до
електричен удар.
 Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се
осигурате дека децата нема да си играат со системот за
фино прскање.
Налепницата за употреба на системот за фино прскање се наоѓа на
базната станица. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага
подобро и побезбедно да го користите системот за фино прскање.
Македонски | 217
Детален опис
Види „Употреба
со соодветна
намена", страна
218.
1 609 92A 1KX | (24.5.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido