Ставање Во Употреба; Совети При Работењето - Bosch PFS 5000E Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PFS 5000E:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
OBJ_BUCH-2026-005.book Page 221 Tuesday, May 24, 2016 1:38 PM
– Со едната рака држете го цврсто пиштолот за
прскање и со другата рака вртете го
резервоарот 7 во правец на ознаката за
отворање.
– Извадете го пиштолот за прскање од резервоарот 7.
– Доколку користите веќе отворен материјал за прскање,
ставете го претходно исчистеното сито за полнење 13
на резервоарот 7, за да ги задржи евентуалните грутки
боја при полнењето.
– Наполнете со материјал за прскање максимално до
1000-ознаката на садот 7.
– Ставете го пиштолот за прскање на резервоарот
7. Вртете го резервоарот 7 во правец на
ознаката за затворање, додека прстенот за
затворање 6 не се вклопи правилно.
– Направете една проба на површина за тестирање.
(види „Прскање", страна 225)
Доколку добиете оптимална слика на прскање, може да
започнете со прскањето.
или
Доколку резултатот од прскањето не е задоволителен или
не излегува боја, постапете како што е опишано
„Отстранување на пречки" на страна 228.
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
уред.
 Внимавајте на тоа, за време на употребата,
основната единица да не вшмука прав или други
нечистотии.
 Внимавајте да не ја испрскате основната единица.
 Прекинете го процесот на прскање, доколку за
време на прскањето излегува течност од другите
места надвор од предвидените и поправете го
пиштолот за прскање. Постои опасност од електричен
удар.
 Не се прскајте себе си, други лица или животни.
Вклучување (види слика D)
За да се заштеди енергија, вклучувајте го системот за
фино распрскување само доколку го користите.
– Проверете, дали е монтирано правилното капаче со
млазница (види „Менување на капачето со
млазницата", страна 224).
– Ставете го мрежниот приклучок во ѕидната дозна.
– Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го
кон површината за прскање.
– За вклучување, притиснете на копчето за
вклучување/исклучување 25.
– За регулирање на количината за воздух, поставете го
копчето за вклучување/исклучување 25 на саканата
апликација (види и „Подесете ја количината за воздух",
страна 226).
– Притиснете го прекинувачот 5 на пиштолот за прскање.
Bosch Power Tools
Напомена: Доколку е вклучена основната единица, од
капачето за вентилација 2 секогаш струи воздух.
Исклучување
– Отпуштете го контролниот прекинувач 5 и за
исклучување притиснете на копчето за
вклучување/исклучување 25.
– Влечете го мрежниот приклучок од ѕидната дозна.
Совети при работењето
Прскање (види слики E–H)
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го
користите електричниот апарат на отворено.
– Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја
сликата на млазот и количината на материјал за
прскање во зависност од материјалот за прскање. (за
подесување, видете во следните поглавја)
– Пиштолот за прскање држете го на подеднакво
растојание од 20–25 см вертикално кон објектот за
прскање.
– Почнете со прскање надвор од површината за
прскање.
– Во зависност од подесената слика на прскање, движете
ги пиштолите за прскање рамномерно хоризонтално
или вертикално.
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога
насоките на прскање се преклопуваат за 4 – 5 см.
– При прскање на легнати објекти или при прскање на
плафон, пиштолите за прскање држете ги малку на косо
и движете се наназад оддалечувајќи се од површината
на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните
пречки во просторијата.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за
прскање.
Рамномерното водење на пиштолот за прскање дава
еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон
зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до
нерамномерно бојосани површини.
– Завршете со процесот на прскање надвор од
површината за прскање.
Не го исцрпувајте сосема резервоарот со материјал за
прскање. Доколку цевката за вшмукување не е потоната
во материјалот за прскање, ќе се прекине млазот на
прскање и се создава нерамномерна површина.
Доколку се насобере материјал за прскање на капачето за
вентилација 2 или на капачето со млазницата, исчистете ги
компонентите со испорачаната четка за чистење 28.
Местење на сликата на прскање (види слика I)
 Никогаш не го активирајте прекинувачот 5 додека
го поставувате капачето за вентилација 2.
– Свртете го капачето за вентилација 2 во саканата
позиција.
Македонски | 221
1 609 92A 1KX | (24.5.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido