Македонски; Безбедносни Напомени - Bosch PPR 250 Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para PPR 250:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 28
OBJ_BUCH-1513-004.book Page 143 Tuesday, November 26, 2013 4:07 PM
Само за страни от ЕС:
Съгласно Директивата на ЕС 2012/19/EC
относно бракувани електрически и елек-
тронни устройства и утвърждаването й
като национален закон електроинстру-
ментите, които не могат да се използват
повече, трябва да се събират отделно и
да бъдат подлагани на подходяща преработка за оползо-
творяване на съдържащите се в тях вторични суровини.
Правата за изменения запазени.
Македонски
Безбедносни напомени
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за
користење и за во иднина.
 Работниот простор секогаш нека биде чист и добро
осветлен. Неуредниот или неосветлен работен
простор може да доведе до несреќи.
 Не работете со електричниот апарат во околина
каде постои опасност од експлозија, каде има
запаливи течности, гас или прашина. Електричните
апарати создаваат искри, кои може да го запалат
правот или пареата.
 Приклучокот на електричниот апарат мора да
одговара на приклучокот во ѕидната дозна.
Приклучокот во никој случај не смее да се менува.
Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со
заземјениот електричен апарат. Неменувањето на
прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат
ризикот од електричен удар.
 Уредот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во електричниот апарат го
зголемува ризикот од електричен удар.
 Не го користите кабелот за друга намена, за да го
носите електричниот апарат, за да го закачите или
да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете
го кабелот понастрана од топлина, масло, остри
рабови или подвижните компоненти на уредот.
Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за
електричен удар.
 Доколку со електричниот апарат работите на
отворено, користете само продолжен кабел што е
дозволив за користење на надворешен простор.
Користењето на соодветен продолжен кабел на
отворено го намалува ризикот од електричен удар.
 Доколку користењето на електричниот апарат во
влажна околина не може да се избегне, користете
Bosch Power Tools
заштитен уред со диференцијална струја.
Употребата на заштитниот уред со диференцијална
струја го намалува ризикот од електричен удар.
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се уверите
дека децата нема да си играат со електричниот ваљак.
 Децата и лицата, кои поради нивните физички,
сензорни или духовни способности или нивно
неискуство или непознавање не се во состојба,
безбедно да ракуваат со електричниот ваљак, не
смеат да го користат истиот без надзор или
инструкции од страна на одговорно лице. Инаку
постои опасност од погрешна употреба и повреди.
 Пред секое користење, проверете ја базната
единица, кабелот и приклучокот. Не ја користете
базната единица, доколку приметите оштетувања.
Не ја отворајте сами базната единица и оставете го
на поправка кај квалификуван стручен персонал кој
ќе користи само оригинални резервни делови.
Оштетена базна единица и оштетен кабел и приклучок
ја зголемуваат опасноста на електричен удар.
 Употребете само бои, кои се дадени во наменската
употреба. Недозволиви бои (како на пр. лакови,
маслени бои и др.) може да го оштетат електричниот
ваљак.
 Внимавајте на евентуалните опасности на бојата.
Имајте ги предвид информациите на
производителот на бојата. За намалување на
опасноста од повреди, треба да се придржуваме кон
упатствата на производителот.
 Постојано оддалечете го од себе цревото за
снабдување и не работете на скали или скеле.
Сопнувањето на цревото за снабдување може да
доведе до повреди.
 Чистете само со средства врз база на вода. Лесно
испарливите растворувачи создаваат експлозивна
околина и може да го оштетат електричниот ваљак
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознака
Значење
 Почекајте додека роторот
целосно не дојде во состојба на
мирување. Допирот на роторот кој
се врти може да доведе до повреди.
Македонски | 143
2 609 006 717 | (26.11.13)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido