SKIL MASTERS 3855 Manual Del Usuario página 170

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 59
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Поправката на Вашиот уред препуштете им ја
само на обучен, стручен кадар на овластен
сервисер, и само со оригиналните резервни
делови. На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
ЦИРКУЛАРИТЕ
ОПШТИ
• Користете го овој алат само за сечење дрво
• Секогаш сечете едно парче дрво (парче ставено
едно врз друго или едно до друго не може да се
стегнат правилно што може да доведе до
заглавување на циркуларот или лизгање на парчето
додека се сече)
• Налети на струја доведуваат до кратктотрајни
падови на напопнот; под неповолни услови на
напојување може да биде оштетена другата опрема
(доколку имоенданцијата на напојување со
електрична енергија е помала од 0,295 + j0,184 ома,
не постои можност да дојде до нарушувања);
доколку ви е потребно дополнително објаснување,
можете да се обратите до локалната служба за
снабдување со електрична енергија
• Обезбедете се алатот да е исклучен од струја
пред да вршите било какво подесување или
замена на приборот
• Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
• Овој алат не е подесен за сечење во присуство на
влага
КОРИСТЕЊЕ НА ОТВОРЕНО
• Кога го користите на отворено, поврзете го алатот
преку осигурувач за струја (FI) за погрешно
напојување во струја за прекинување со максимум
30 mA и користете продолжен кабел којшто е
наменет за употреба на отворено и опремен со
водоотпорен приклучок
ПРЕД УПОТРЕБА
• Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е
назначен на плочката на алатот
• Продолжениот кабел кој го користите, мора да биде
сосема одмотан и безбеден, со капацитет од 16 А
• Секогаш поставувајте го алатот врз рамна и
стабилна работна површина (на пр. работна подлога)
• Носете заштитни очила, заштита за ушите, и
заштитни ракавици
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• Никогаш не користете електричен алат без
оригинален систем за заштита
• Проверете ја заштитата дали е правилно затворена
пред секоја употреба
• Не вклучувајте го циркуларот ако заштитата не се
движи слободно и веднаш се затвора
• Никогаш не стегајте ниту не врзувајте за заштитата
во отворена позиција
• Секогаш цврсто стегајте го парчето за работа (не
работете со парчиња што се многу мали за
стегање)
• Секогаш потпирајте ги слободните краеви на
долгото парче за работа
• Никогаш не дозволувајте друго лице да држи или
потпира парче додека работите. Користете го
продолжетокот за циркуларот
• Никогаш не користете го алатот без подметок за
масата. Заменете оштетен или изабен подметок за
масата
• Пред да почнете со сечење, отстранете ги сите
пречки на и под местото каде сечете
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
ПРИБОР
• Никогаш не користете дискови за оштрење/сечење
со овој електричен алат
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен соодветен прибор кој може да се набаво во
сите SKIL продавници
• За поставување и користење на приборите кои не се
SKIL погледнете го упатството на производителот
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
• никогаш не користете сечила за пили направени од
брзоротирачки челик (HSS)
• Не користете сечиво што е напукнато, деформирано
или тапо
• Користете ги само сечивата за пили со дијаметар на
отворот којшто се вклопува на ободот на алатот без
да се мрда; никогаш не користете редуктори или
адаптери за сечива од пили за големи отвори
• Заштитете го приборот од потреси, удари и масни
површини
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Не применувајте сила врз алатот. Притиснете лесно
и континуирано
• Чувајте ги прстите, дланките и рацете подалеку
од ротирачкото сечиво на циркуларот 3
• Притиснете го копчето за заклучување на ободот
само кога алатот е во мирување
• Проверете дали сечивото на алатот ќе се заглави во
рарчето за обработка кога правите дупка
• Ако се блокира сечивото, веднаш исклучете го
алатот и прекинете го напојувањето; дури тогаш
извадете го парчето што го пробивате
170

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido