Bosch Professional LR 45 Manual Original página 97

Ocultar thumbs Ver también para Professional LR 45:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 20
По секое вклучување на ласерскиот приемник,
осветлувањето на екранот е вклучено. Осветлувањето на
екранот е привремено деактивирано:
– 2 min по секое притискање на копчињата, доколку
ниеден ласерски зрак не достигнал до приемното
поле,
– 2 min по секое притискање на копчињата, доколку
позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле во
ова време не се менува.
За целосно да го исклучите осветлувањето на екранот,
притиснете го копчето Осветлување на екран (5).
Поставки
Изберете ја поставката на приказот за средишна
линија
Со копчето Поставување на точноста на прием (3) може
да утврдите со која точност ќе се прикаже позицијата на
ласерски зрак на приемното поле како „средно":
– Точност на прием „фино" (приказ (c) на екран),
– Точност на прием „средно" (приказ (b) на екран),
– Точност на прием „грубо" (приказ (a) на екран).
За секој од приказите (a), (b) и (c) може да се одберат
две вредности. Со секое притискање на копчето за
поставување точност на прием (3) на кратко се појавува
точната вредност на точноста на приемот во приказот за
релативна висина (g).
Поставката за точност на приемот ќе се зачува при
исклучувањето.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (11)
се прикажува со сигнален тон.
Може да ја промените гласноста или да го исклучите
сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон,
притискајте на копчето Сигнален тон (4), додека на
екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска
гласност, приказот за сигнален тон (e) се појавува на
екранот без црта, при повисока гласност со една црта, а
при исклучен сигнален тон, таа се губи.
Поставката на сигналниот тон ќе се зачува при
исклучувањето на ласерскиот приемник.
Менување на мерната единица
Може да ја промените мерната единица за вредностите
во приказот за релативна висина (g).
За да го направите тоа, притиснете го истовремено
копчето за сигнален тон (4) и копчето за поставување на
точноста на приемот (3) сè додека не се појави саканата
единица во приказот за мерната единица (d).
Поставката на мерната единица ќе се зачува при
исклучувањето на ласерскиот приемник.
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Израмнување со либела
Со помош на либелата (7) може вертикално да го
порамните ласерскиот приемник. Навалениот приемник
води кон погрешно мерење.
Означување
На средишната ознака (10) од десната и од левата страна
на ласерскиот приемник може да ја означите позицијата
на ласерскиот зрак, доколку тој поминува низ средината
на приемното поле (11).
При обележувањето ласерскиот приемник мора да биде
прецизно израмнет вертикално (при хоризонтален
ласерски зрак) одн. израмнет хоризонтално (при
вертикален ласерски зрак), инаку ознаките ќе се
поместат во однос на ласерскиот зрак.
Прицврстување со држач (види слика C)
Ласерскиот приемник може да го прицврстите со
држачот (16) како и на мерна летва (19) (опрема), како и
на други помошни средства со ширина од 60 mm.
Вметнете го држачот (16) во прифатот (9) на ласерскиот
приемник и дозволете држачот да се вклопи.
Олабавете го вртливото копче (17) на држачот,
притиснете го истиот на пр. на мерната летва (19) и
повторно завртете го вртливото копче (17).
Со помош на либелата (20) можете држачот (16) и со тоа
ласерскиот приемник хоризонтално да ги порамните.
Навалениот приемник води кон погрешно мерење.
Референтната средишна линија (15) на држачот се наоѓа
на истата висина како и средишната ознака (10) и може
да се употреби за означување на ласерскиот зрак.
За да го отстраните држачот (16) од ласерскиот
приемник, притиснете го копчето за деблокирање (18) и
повлечете го држачот од ласерскиот приемник.
Прицврстување со магнет (види слика D)
Доколку не е потребно безбедно прицврстување, може
да го залепите ласерскиот приемник со помош на
магнети (8) на челичните делови.
Дефект преку стробоскопски светла
Внимавајте, стробоскопските светла (на пр. од LED-
светлата) да не го достигнат приемното поле (11) на
ласерскиот приемник.
Доколку се појави дефект на ласерскиот приемник преку
стробоскопските светла, на екранот трепка приказот за
мерна единица (d). Приказот за релативна висина (g)
како и приказите за правец (h), (i) и (j) се губат.
Поставете го одново или ласерскиот приемник или
изворот на стробоскопските светла.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на ласерскиот приемник.
Македонски | 97
1 609 92A 5R9 | (26.06.2020)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido