Milwaukee M18 ONEFHIWH716 Manual Original página 48

Tabla de contenido

Publicidad

Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу
жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е
машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете
електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да
предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии,
со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на
суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте
се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги
убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска ќелиска
батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што малку
како два часа, ако се проголта или влегува во телото. Секогаш
прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите уредот,
отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во телото,
веднаш побарајте медицинска помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава
краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати
или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да
предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Безжичниот моментен клуч моче да биде користен за затегање
или одвртување на навртки и шрафови секаде каде не е достапно
напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се исклучат
сите преостанати ризици. При употребата може да настанат следните
опасности, на кои операторот треба особено да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот.
Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици и
цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
94
РАБОТА
Совет: Се препорачува секогаш по прицврстувањето да го
проверите затезниот момент со динамометрички клуч.
Затезниот момент е под влијание на различни фактори, вклучувајќи ги
и следните фактори.
• Состојба на полнење на батеријата - Кога батеријата е испразнета,
напонот паѓа и затезниот момент се намалува.
• Брзини - Користењето на алатот при мала брзина доведува до помал
затезен момент.
• Положба за прицврстување - Начинот на држење на алатот или
сврзувачкиот елемент влијае на затезниот момент.
• Завиткан или вметнат приклучок - Користењето на завиткан или
вметнат приклучок со погрешна големина или користењето на
опрема што не е отпорна на удари го намалува затезниот момент.
• Користење на опрема и продолжни елементи - Во зависност од
опремата или продолжниот елемент, може да се намали затезниот
момент на ударната шрафилица.
• Завртка/навртка - Затезниот момент може да варира во зависност
од дијаметарот, должината и класата на јачината на завртката/
навртката.
• Состојба на сврзувачките елементи - Контаминирани, кородирани,
суви или подмачкани сврзувачки елементи може да влијаат на
затезниот момент.
• Деловите кои треба да се навртуваат - Јачината на деловите кои
треба да се навртуваат и која било компонента меѓу нив (сува или
подмачкана, мека или тврда, завртка, заптивка или подлошка) може
да влијаат на затезниот момент.
ТЕХНОЛОГИИ ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ
Колку подолго се навртува болтот, завртката или навртката со
ударната шрафилица, толку поцврсто тие се затегнати.
За да избегнете оштетување на сврзувачите елементи или работните
парчиња, избегнувајте прекумерно траење на навртуванјето.
Бидете посебно внимателни кога работите на помали сврзувачки
елементи, затоа што тие бараат помал број на удари за да се постигне
оптимален затезен момент.
Вежбајте со различни сврзувачки елементи и запомнете го времето
што ви е потребно за да го достигнете саканиот затезен момент.
Проверете го затезниот момент со рачни динамометрички клуч.
Ако затезниот момент е премногу висок, намалете го времето на удар.
Ако затезниот момент е недоволен, зголемете го времето на удар.
Маслото, нечистотијата, рѓата или другите загадувачи на навојот или
под главата на сврзувачкиот елемент влијаат на затезниот момент.
Вртежниот момент што е потребен за олабавување на сврзувачкиот
елемент е во просек од 75% до 80% од затезниот момент, зависно од
состојбата на контактните површини.
Зашрафете малку со релативно низок затезен момент и користете
рачни динамометрички клуч за финално затегнување.
КОНТРОЛА НА ПОГОНОТ
Копчето за контрола на погонот се користи за да се прилагоди
моментот на сила, брзината на ротација (RPM) и брзината на удари
(IPM) за апликацијата.
За да го изберете режимот за контрола на погонот:
1. Повлечете го и пуштете го прекинувачот за да ја вклучите алатката.
Светнува индикаторот за режим на струја.
2. Притиснете го копчето за контрола на погонот
прелистувате режимите. Изберете безжично
стандардните поставки преку апликацијата ONE-KEY™ на
паметниот уред. Кога ќе светне индикаторот за посакуваниот
режим, започнете со работа.
ЗАБЕЛЕШКА: Изберете го опсегот на моментот на сила во според
инструкциите за зацврстување од произведувачот на опремата.
За прецизна примена, потврдете го крајниот момент на сила за
зацврстување со калибриран уред.
МАКЕДОНСКИ
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY на оваа
алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо стартување или
посетете на интернет на: www.milwaukeetool.com/one-key. Апликацијата
ONE-KEY може да ја симнете на Вашиот смартфон преку App Store
или Google Play.
Кога уредот е нарушен од електростатско празнење, тогаш LED
индикаторот за промена на брзината се гасне и брзината не може
повеќе да се регулира. Во тој случај извадете ја батеријата или
копчестата батерија и повторно ставете ја (види страна 6 и страна 16).
Дефектите предизвикани како последица електростатски празнења
водат кон прекин на bluetooth комуникацијата. Во тој случај, контактот
со bluetooth мора повторно да биде воспоставен мануелно.
Резултатите од испитувањата ги исполнуваат нашите минимални
барања согласно EN 55014-2 / EN 301489-1 / EN 301489-17.
Индикатор ONE-KEY™
Сино постојано светло: Безжичниот режим е активен и подготвен за
конфигурирање преку апликацијата ONE-KEY™.
Сино трепкачко светло: Алатката активно комуницира со апликацијата
ONE-KEY™.
Црвено трепкачко светло: Алатката е заклучена поради безбедност и
може да ја отклучи операторот преку апликацијата ONE-KEY™.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури
или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да се одржуваат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по
употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво
место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски
батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот
вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка и електро-алатот
самостојно се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а
потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу.
Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè
додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење
може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
за да ги
транспорт на опасни материи.
за да ги смените
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на
опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да
ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес
треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа
со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната
амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски
батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско
претпријатие.
ЧИСТЕЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Упатствата за одржување ќе ги најдете во апликацијата ONE-KEY.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети,
Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee
(консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со
наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката
со учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај
Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Не проголтајте ја ќелиската батерија!
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или
кај специјализираниот трговски претставник, каде
има такви погони за рециклажа и собирни станици.
n
Вртежи на празен од
0
IPM
Број на удари
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
95

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido