OBJ_BUCH-1426-003.book Page 132 Wednesday, May 8, 2013 11:01 AM
132 | Македонски
Правта од материјали како на пр. оловни бои, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде
штетна по здравјето и да доведе до алергиски
реакции, заболувања на дишните патишта и/или
рак. Материјалите што содржат азбест може да бидат
обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Одблокирајте го
алатот што се вметнува.
Пред вклучувањето на електричниот апарат
проверете ја функционалноста на алатот што се
вметнува. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење
настануваат многу моменти на блокирање.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Ознаки
Следните ознаки се важни за читање и разбирање на
упатството за употреба. Запаметете ги ознаките и нивното
значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви
помага подобро и побезбедно да го користите
електричниот апарат.
Ознака
Значење
GBH 2-24 D
GBH 2-24 DF:
Чекани за дупчење
Сиво означено поле: рачка
(изолирана дршка)
Број на дел/артикл
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност
Пред било каква интервенција на
електричниот апарат, извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната
дозна
1 619 92A 05S | (8.5.13)
Ознака
Значење
Носете заштитни ракавици
Носете заштита за слухот
Носете заштитни очила
Запчеста глава за дупчење
Брзозатегачка глава
Правец на движење
Правец на реакција
Следен чекор на акција
Тек десно/лево
Дупчење без удари
Дупчење со чекан
Длетување
Зашрафување/одвртување
Vario-Lock систем
Вклучување
Исклучување
Проверка на прекинувачот за
вклучување/исклучување
Отклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
Мал број на вртежи/удари
Голем број на вртежи/удари
Bosch Power Tools