Bosch Professional GSR 14,4 V-EC FC2 Manual Original página 146

Ocultar thumbs Ver también para Professional GSR 14,4 V-EC FC2:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
OBJ_BUCH-2041-002.book Page 146 Monday, January 12, 2015 10:35 AM
146 | Македонски
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
одвртување на шрафови како и за дупчење во дрво, метал
и пластика.
Електричниот апарат може да се користи со аголна глава
(GWA FC2) (опрема), ексцентар (GEA FC2) или
брзозатегнувачка глава (GFA FC2) (обем на испорака).
Аголната глава (GWA FC2), ексцентарот (GEA FC2) и
брзозатегнувачката глава (GFA FC2) смеат да се користат
исклучиво со дупчалките-одвртувачи GSR 14,4 V-EC FC2
и GSR 18 V-EC FC2.
Напомена:
При завртување или затегнување на метрички завртки со
аголна глава (GWA FC2) мора претходно да се избере
вртежен момент. Инаку постои опасност од оштетување на
погонот.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Технички податоци
Техничките податоци за производот се дадени во табелата
на страна 203.
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2009/125/EC
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC,
2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен
со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-1,
EN 60745-2-2.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Монтажа и користење
Следната табела ја прикажува постапката при монтажа и работа со електричниот апарат. Упатствата за користењето се
прикажани на дадената слика. Во зависност од видот на примената, потребни се различни комбинации на упатства.
Внимавајте на безбедносните напомени.
Цел на користењето
Вадење на батеријата
1 609 92A 14Z | (12.1.15)
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 12.01.2015
Информации за бучава/вибрации
Мерните вредности на производот се дадени во табелата
на страна 203.
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност
со EN 60745-2-1.
Вкупните вредности на вибрации a
трите насоки) несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Слика
Внимавајте
1
(векторски збор на
h
Страна
204
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gsr 18 v-ec fc2

Tabla de contenido