Bosch GWS Professional 18V-100 C Manual Original página 330

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 48
OBJ_BUCH-3456-001.book Page 331 Tuesday, November 14, 2017 1:42 PM
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на
електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за
предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, со различна опрема, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова
може значително да го зголеми оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога
е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и
алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Поставување на Bluetooth® Low Energy Module
GCY 30-4
Напомена: Кај електричните алати GWS 18V-... C
Bluetooth® Low Energy Module GCY 30-4 е достапно како
опрема; кај електричните алати GWS 18V-... SC е
содржана во обемот на испорака.
За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY 30-4
прочитајте го соодветното упатство за употреба.
Полнење на батеријата
 Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска
заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]") од
длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата,
електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
 По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Bosch Power Tools
Вадење на батеријата
Батеријата 6 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 7.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 6 притиснете на копчињата за
отворање 7 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата
(Тип на батерија GBA 18V...) (види слика A)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 24 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 6.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го копчето 23, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија 6.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 23 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Наполнетоста на батеријата се прикажува и на
User Interface 4 (види поглавје „User Interface").
Приказ за наполнетоста на батеријата
(Тип на батерија GBA 18V 6.3Ah, ProCORE18V...)
(види слика B)
Петте зелени LED светилки на приказот за наполнетоста на
батеријата 34 ја покажуваат наполнетоста на батеријата.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот алат е во
мирување.
Притиснете го копчето 33, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија .
ЛЕД светло
Трајно светло 5 x зелено
Трајно светло 4 x зелено
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
1 609 92A 47F | (14.11.17)
Македонски | 331
Капацитет
≥ 2/3
≥ 1/3
< 1/3
Резерва
Капацитет
> 80 – 100 %
> 60 – ≤ 80 %
> 40 – ≤ 60 %
> 20 – ≤ 40 %

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido