5. КОНТРОЛИ
Аспираторот се испорачува со командна
табла со регулатор на брзините на
издувување и регулатор за осветлението
над плочата од шпоретот.
Користете ја најголемата брзина во
случај на невообичаена концентрација
на пареи во кујната. Ви препорачуваме
да го вклучите издувувањето 5 минути
пред да започнете со готвењето и да го
оставите да работи околу 15 минути по
завршување на готвењето.
Командите се наоѓаат на предната табла
од апаратот:
1
2
1. ON/OFF светла
2. OFF мотори
3. - 4. - 5. Моќ на всмукување минимална
(3.), средна (4.), максимална (5.).
3
4
5
6. ЕДИНИЦА ЗА
ОСВЕТЛУВАЊЕ
Аспираторот е опремен со систем за
осветлување базиран на технологијата
на LED диода.
LED светилките гарантираат оптимално
осветлување, имаат околу 10 пати
подолг век од традиционалните светилки
и овозможуваат заштеда на електрична
енергија и до 90%.
Внимание! Не гледајте директно во
LED светлото.
За замена на сијалиците, контактирајте
го овластениот центар за резервни
делови.
МАКЕДОНСКИ
109