Bosch GBH Professional 240 Manual Original página 170

Ocultar thumbs Ver también para GBH Professional 240:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 27
170 | Македонски
работата може да ја изгубите контролата врз вашиот
електричен алат.
Навалување на дополнителната рачка (види слика A)
Дополнителната рачка (14) може да ја вртите по желба,
за да може безбедно и неуморно да работите.
– Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (14)
во правец спротивно на стрелките од часовникот и
навалете ја (14) во саканата позиција. Потоа повторно
зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка
(14) во правец на стрелките од часовникот.
Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка
да легне во предвидениот жлеб на куќиштето.
Бирање на глава за дупчење и алат
За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus-
алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.
За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и
пластика како и за завртување се користат алати без SDS-
plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие
алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење одн.
запчеста глава за дупчење.
GBH 240 F: SDS-plus заменливата глава за дупчење (2)
може лесно да се замени со испорачаната
брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење (1).
Менување на главата за дупчење
Вметнување/вадење на запчестата глава
GBH 240
За да може да работите со алати без SDS plus (на пр. со
дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате
соодветна глава за дупчење (запчеста или
брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема).
Монтирање запчеста глава за дупчење (види слика B)
– Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (18) во
запчестата глава за дупчење (17). Зацврстете ја
запчестата глава за дупчење (17) со безбедносната
завртка (16). Внимавајте сигурносната завртка да
има лев навој.
Вметнување запчеста глава за дупчење
(види слика B)
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за
прифат и малку намастете го.
– Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат
ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека
самата не се заклучи.
– Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата
глава за дупчење.
Вадење на запчестата глава за дупчење
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење (17).
1 609 92A 77N | (22.12.2021)
Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење
GBH 240 F
Вадење на заменливата глава за дупчење (види
слика C)
– Извлечете го наназад прстенот за заклучување на
заменливата глава за дупчење (6), држете го цврсто
во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus-
заменливата глава за дупчење (2) одн.
брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
– Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава
за дупчење од нечистотија.
Вметнување на заменливата глава за дупчење (види
слика D)
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја
ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
– Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2)
одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење
(1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за
дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење
(19), додека не слушнете дека е вклопена.
– Резервната глава за дупчење сама се заклучува.
Проверете дали е заклучена со влечење на резервната
глава за дупчење.
Промена на алат
Капакот за заштита од прав (4) го спречува
навлегувањето на правта која се создава при дупчењето
во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот
проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен.
Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба
u
да се замени. Се препорачува ова да се изврши од
страна на сервисната служба.
Замена на алат (SDS-plus)
Ставање на SDS plus-алатот за вметнување (види
слика E)
Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и
лесно да го замените алатот што се вметнува без
користење на дополнителни алати.
– GBH 240 F: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава за
дупчење (2).
– Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се
вметнува и малку намастете го.
– Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во
прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
– Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.
Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се
маневрира поради системот. Така, при празен од
настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема
влијание на прецизноста на дупчењето на дупката,
бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето.
Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
F)
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и
извадете ја запчестата глава за дупчење.
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gbh professional 240 f

Tabla de contenido