• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Нивото на бучава додека работите може да изнесува
повеќе од 85 dB(A); носете заштита за ушите
• Носете заштитни ракавици, заштитни очила, тесна
облека и заштита за коса (доколку имате долга коса)
• Кабелот секогаш држете го подалеку од деловите на
алатот кои се движат; кабелот држете го на задната
страна, на страна од алатот
• Не допирајте ја брусната хартија која се движи
• Во случај да дојде до електричен или механички
дфект, веднаш исклучете го алатот и исклучете го од
приклучокот
• Ако кабелот се оштети или пресече за време на
работата, веднаш исклучете го и не го допирајте
ПО УПОТРЕБА
• Кога ќе ја завршите работата со алатот, исклучете го
моторот и проверете дали сите подвижни делови се
застанати
ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
5 Не фрлајте го алатот заедно со другиот отпад од
домаќинството
УПОТРЕБА
• Поставување на брусната хартија 6
! извлечете го приклучокот ако кабелот
! за вшмукување на прашина е потребна
перфорирана брусна хартија
! перфорацијата на брусната хартија треба да е
соодветна на перфорацијата на брусната
плоча
! навремено заменете ја истрошената брусна
хартија
! целосната површина за брусење треба да
биде прекриена со брусна хартија кога ќе го
користите алатот
• Вшмукување прашина 7
- редовно празнете ја кутијата за прашина C за
оптимално собирање на прашина
- извадете ја кутијата за прашина C со притискање
на прекинувачот D на левата страна и со негово
држење во таа положба, во исто време, наназад
треба да се извлече кутијата за прашина C
- кутијата за прашина C повторно вметнете го со
негово лизгање назад, се додека не влезе во
соодветната положба
- кога е неопходно, исто така, чистете ги и малите
филтри, како што е опишано
! не користете ја кутијата за прашина за
собирање прашина кога брусите метал
• Прекинувач за вклучување/исклучување
- алатот вклучете/исклучете го со поместување на
прекинувачот A 2 напред/назад
! алатот треба да го вклучите пред брусната
површина да го допре местото каде ќе
работите
! уредот треба да се подигне од работната
површина пред тој да биде исклучен
• Контрола на брзината
За оптимални резултати на стругање на различни
материјали
- со тркалцето B 2 можете да ја подесите саканата
брзина на брусењето
- прилагодете ја брзината со рапавоста која се
користи
- пред да започнете со работа, најдете ја
оптималната брзина и големина на решетката со
тестирање врз непотребен материјал
• Држење и насочување на алатот 8
! додека работите, секогаш држете го алатот за
местото (местата) кое (кои) се означени со
сива боја
- држете го алатот паралелно со површината која ја
обработувате
! не применувајте многу притисок врз алатот и
оставете ја површината за чистење да ја
заврши работата за вас
- не го навалувајте алатот за да избегнете појава на
несакани траги од брусењето
- отворите за ладење E 2 држете ги отворени
• Брусење
- количината на отстранетиот материјал се
одредува преку изборот на хартијата за брусење и
применетиот притисок
! ако го зголемите притисокот за брусење, тоа
нема да доведе до зголемување на
капацитетот на брусење, туку до зголемено
абење на алатот и на хартијата за брусење
! никогаш не користете ја истата брусна хартија
и за дрво и за метал
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Алатот движете го со прави движења, во линија со
материјалот
- за брусење на површини од голо дрво
- за финална обработка
• Препорачана рапавост на брусната хартија
- користете груба шмиргла (40, 60) за отстранување
боја и за брусење на исклучително грубо дрво
- користете средно груба шмиргла (80, 100, 120) за
брусење грубо или мазно дрво
- користете фина шмиргла за мазнење на дрво и
површини со стара боја, како и за завршна
обработка на голо дрво (180, 240, 320)
! секогаш прво испробајте на парче стар
материјал
• Користете разни големини на шмиргли кога
површината е груба:
- започнете да пескарите со груба или средна
шмиргла
- завршете со фината шмиргла
• Многу други совети можете да најдете на www.skil.
com
89