Sharp KF-56FHMM15WL-CH Manual De Uso página 14

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
дефект, немојте да го користите
уредот и веднаш стапете во
контакт со овластен сервисер.
Бидејќи материјалите што се
користени за пакување (најлон,
палета, стиропор, и др.) може
да бидат опасни за децата, тие
треба да се соберат и веднаш да
се отстранат.
• Заштитете го уредот од
атмосферски влијанија. Не
изложувајте го на сонце, дожд,
снег или прав.
• Опкружувачките елементи на
уредот (кабинетот) мора да
бидат отпорни на температура
од најмалку 100С.
• За време на употреба
• При првата употреба на фурната,
ќе осетите извесен мирис кој
излегува од изолирачките
материјали и од грејачите. Затоа,
пред да поставите јадење,
пуштете ја на максимална
температура околу 45 минути. Во
исто време, треба соодветно да
ја проветрите просторијата каде
што е сместен производот.
• Во текот на употребата,
внатрешната и надворешната
површина на фурната се
вжештуваат. При отворање на
вратата, отстапете еден чекор за
да ја избегнете жешката пареа
која излегува од внатре. Постои
ризик од изгореници.
• Кога уредот работи, немојте
да поставувате запаливи
материјали во или на него.
• Секогаш користете ракавици
за фурна при вадење или
поместување на храната во
фурната.
• Не оставајте го шпоретот без
надгледување кога готвите со
масти или масла. Може да се
запалат при големо загревање.
Никогаш не турајте вода врз
пламен предизвикан од масло.
Покријте ја тавата со нејзиниот
капак за да го задушите
пламенот и исклучите го
шпоретот.
• Секогаш поставувајте ги тавите
во центарот на грејната зона и
завртете ги рачките на безбедна
позиција за да не можат да се
зафатат или турнат.
• Ако уредот не го користите
долго време, исклучете го од
струја. Главниот прекинувач
на уредот нека биде исклучен.
Исто така, кога не го користите
уредот, држете го вентилот за гас
исклучен.
• Осигурете се дека контролните
копчиња на уредот се на „0"
(стоп) позиција секогаш кога не
се користи.
• Тавите се навалуваат при
извлекување. Внимавајте да не
истурите жешка течност.
• Кога вратата или фиоката
од фурната е отворена, не
оставајте ништо врз неа. Може
да ја нарушите рамнотежата
на шпоретот или да ја скршите
вратата.
• Не оставајте тешки или запаливи
предмети (најлон, пластични
кеси, хартија, крпи и др.) во
долната фиока. Тоа вклучува и
прибор за готвење со пластични
додатоци (на пр. рачки).
• Не обесувајте крпи или алишта
на уредот или на неговите рачки.
• За време на чистење и
одржување
• Секогаш исклучувајте го уредот
пред какви било интервенции,
како чистење или одржување.
Тоа може да го сторите со
извлекување на кабелот или
со исклучување на главните
MK - 7

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido