Sharp KF-56FHMM15WL-CH Manual De Uso página 17

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
Стапете во контакт со овластен
сервис за монтирање на вашата
рерна.
МОНТИРАЊЕ НА РЕРНАТА
Има неколку фактори на кои треба да се
обрне внимание при монтирањето на
вашата рерна.
Обрнете особено внимание на подолу
наведените предлози, за да можете да
спречите проблеми и/или опасни
ситуации што може да се појават
подоцна.
Може да се постави во близина на
друг мебел, под услов висината на
другиот мебел да не ја надминува
висината на плочата за готвење.
Треба да обрнете внимание да не се
постави во близина на фрижидер или
запаливи или незапаливи материјали,
какви што се пердиња, водоотпорна
облека итн. кои горат брзо.
Мора да има барем 2 cm празен
простор меѓу задниот капак на рерната
и ѕидот, заради циркулација на
воздухот.
Мебелот во близина на рерната мора
да биде направен од материјал отпорен
на топлина повисока за 50 °C од
собната температура.
Ако мебелот во кујната е повисок од
плочата на која е поставен шпоретот,
тој треба да биде настрана од шпоретот
барем 11 cm.
Минималните висини од плочата на
шпоретот и висечките елементи на
ѕидот и фурната над шпоретот, се
прикажани подолу. Така, фурната мора
да биде поставена на минимална
висина од 650 mm над тавчето за
готвење.
Ако нема фурна, оваа висина не смее да
биде пониска од 700 mm.
Мора да се намонтира директно на
подот, а не на некаква основа.
ПОВРЗУВАЊЕ СО СТРУЈА И
БЕЗБЕДНОСТ
При поврзувањето со струја, мора да ги
следите упатствата наведени подолу.
Кабелот за заземјување мора да биде
поврзан со терминал. Треба да се
осигурите дека кабел со изолација ќе
биде поврзан за изворот на напојување.
Доколку нема соодветен заземјен штекер
за струја кој е во согласност со важечката
законска регулатива таму каде што ќе се
монтира апаратот, веднаш стапете во
контакт со овластен сервис.
Заземјениот штекер за струја мора да
биде во близина на апаратот. Во никој
случај не смеете да користите продолжен
кабел.
Кабелот за струја не смее да се допира
до жешката површина на производот.
Во случај на оштетен кабел за струја,
веднаш стапете во контакт со
квалификуван сервис. Кабелот мора да
биде заменет од овластен сервис.
Неправилното поврзување со струјата
може да го оштети вашиот апарат.
Таквата штета не е опфатена со
гаранцијата.
Кабелот за струја не смее да се допира до
жешките делови од апаратот. Кабелот за
струја не смее да се допира до задната
страна од апаратот. Во спротивно,
кабелот за струја може да се оштети.
Таквата ситуација може да доведе до
струен удар.
MK - 10

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido