MK
МАКЕДОНСКИ
ИНСТАЛИРАЊЕ
При користењето на системот за напојување со вода за комунални потреби
мораат да се земат во предвид локалните прописи на органите кои се
задолжени за управувањето со водните ресурси.
По изборот на место за инсталирање проверете дали:
- Напонот и фреквенцијата, наведени на табличката со техничките податоци
на пумпата, се во соодветствие со податоците на напојната електрична
инсталација.
- Електричното поврзување мора да се врши на суво место, далеку од можни
поплави.
- Електричниот систем мора да биде опремен со диференциален
прекинувач I ∆n ≤ 30 mA и системот за заземување да биде делотворен.
ЕЛЕКТРИЧНИ СПОЕВИ
Внимание: Секогаш ги почитувајте правилата за безбедност! Електричната
инсталација мора да ја изведе оспособен овластен електротехничар кој да
преземе одговорност.
Се препорачува правилно и безбедно поврзување на системот за
заземување на начин како е предвидено во соодветните важечки
регулативи.
Ако пумпата е поврзана со електрична инсталација каде што се користи
автоматски заштитен прекинувач (ELCB што мери напон, склопка на
диференцијална струја RCD или склопка на диференцијална струја за
струјно коло RCCB) како дополнителна заштита, овој автоматски заштитен
прекинувач мора да биде означен со првиот или двата симболи прикажани
подолу. Ако пумпата е поврзана со терминал, прекинувачот мора да биде
обележан со двата симболи прикажани подолу:
96