Descargar Imprimir esta página

Bosch GWS Professional 18 V-LI Manual Original página 300

Ocultar thumbs Ver también para GWS Professional 18 V-LI:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 44
300 | Македонски
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо
брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот алат напред и назад со
умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема
да се вжешти, да се ја промени бојата и нема да има
бразди.
При употребата на композитни плочи, кои се одобрени
u
и за сечење и за брусење, може да се користи
заштитната хауба за сечење (11) одн. заштитната
хауба за брусење (10) со монтиран поклопец за
сечење(12).
Површинско брусење со ламелеста брусна плоча
При брусење со ламелеста брусна плоча секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусењето (10).
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Површинско брусење со брусен диск
При работењето со гумен диск за брусење (26)
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (25).
Брусењето со брусен диск може да се изврши без
заштитна хауба.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Навртете ја тркалезната навртка (28) и затегнете ја со
клуч со два отвори.
Лончеста четка/плочеста четка/конусна четка
При четкањето со плочеста четка секогаш
u
користете ја заштитната хауба за брусење (10).
Четкањето со лончеста четка/конусна четка може
да се изврши без заштитна хауба.
При работењето со лончеста или конусна четка
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (25).
Жиците на плочестите четки може да се заглават на
u
заштитната хауба и да се скршат ако се надминат
максимално дозволените димензии на плочестите
четки.
Редоследот на монтажата може да се види на графичката
карта.
Лончестата/конусната/плочестата четка со навој M14
мора да се наврти на вретеното за брусење додека
цврсто не налегне на прирабницата на вретеното за
брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење.
Затегнете ја лончестата/конусната/плочестата четка со
вилушкаст клуч.
За прицврстување на плочестата четка со дијаметар
22,22 mm ставете ја приклучната прирабница со O-
прстен (13) на вретеното за брусење (24), завртете ја
тркалезната навртка (28) и затегнете ја со клучот со два
отвори.
1 609 92A 767 | (07.03.2022)
Сечење на метал
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење секогаш
користете ја заштитната хауба за сечење (11) одн.
заштитната хауба за брусење (10) со монтиран
поклопец за сечење (12).
При употребата на заштитна хауба за брусење (10)
u
за сечење со композитен диск за сечење постои
голем ризик да бидете изложени на искри и
честички како и делови од дискот при кршење на
дискот.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Сечење на камен
За сечење на метал со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон
секогаш користете ја хаубата за всисување при
сечење со лизгачки водилки (33) или заштитната
хауба за сечење (11) или заштитната хауба за
брусење (10) со монтиран поклопец за
сечење (12).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
При употребата на заштитна хауба за сечење (11),
u
заштитната хауба за брусење (10) или заштитната
хауба за брусење (10) со монтиран поклопец за
сечење (12) за сечење и брусење во бетон или
ѕидни конструкции, постои зголемена изложеност
на прашина и зголемен ризик од губење контрола
над електричниот алат, што може да доведе до
повратен удар.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (33) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
Електричниот алат
секогаш мора да се води
во спротивен правец на
движење. Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот. При
сечење на профили и
четириаголни цевки,
најдобро е да поставите на
најмалиот пресек.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gws professional 18-125 v-li3 601 j3a 3003 601 j3a 301