Descargar Imprimir esta página

Milwaukee L4 NL400 Manual Original página 33

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 12
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
Tип на дизајн
Номинална моќност
Напон на заменливата батерија
USB Влез
Време на полење (3,0 A)
Светлосен ток (3,0 A)
високо ниво
ниско ниво
Време на осветлување (3,0 A)
високо ниво
ниско ниво
Индекс на репродукција на боја (CRI)
Температура на бојата
Заштитна класа
Тежина
Тежина со батерија
Препорачана температура на околината за време на работа
Препорачана температура на околината при полнење
Препорачани типови на заменливи батерии
ВНИМАНИЕ!
Прочитајте ги безбедносните
напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ ЗА
CВЕТИЛКА ЗА АКУМУЛАТОРОТ
Предупредување: никогаш не го насочувајте светлинскиот
зрак директно на лица ниту животни. Не гледајте во
светлинскиот зрак (не правете го тоа ниту од поголема
оддалеченост). Гледањето во светлинскиот зрак може да
предизвика сериозни повреди или губење на силата за
гледање.
Изворот на светлина на оваа лампа не може да се замени.
Кога истиот ќе достигне својот работен век, мора да се
замени целата лампа.
СПЕЦИЈАЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА БАТЕРИЈА
Користете само акумулаторски батерии Milwaukee од тип
L4B....
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во
контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода.
Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку
10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои
содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат
краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Сијалицата на батерии може да се употребува и како
посебно расветно тело, без притоа да се користи продолжен
кабел.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
64
L4 NL400
Светилка за акумулаторот
4,5 W
4,0 V
5 V DC, 0,1 A - 2,1 A
≤125 min
400 lm
250 lm
2,5 h
8 h
80
4000 K
IP 50
175,4 g
232,4 g
-18 °C ... +50 °C
+5 °C ... +40 °C
L4B...
ПРОЦЕС НА ПОЛНЕЊЕ
1. Свржете го USB-кабелот со извор на струја, на пример
кон мрежен контакт, компјутер или контакт за полнење во
автомобилот.
2. Подигнете го гуменото капаче на портата USB-C.
СОВЕТ: секогаш затворајте го USB-капачето кога
светилката на батерија не се полни за да ја заштитите
USB-портата од прашина и влага.
3. Приклучете го приклучокот USB-C во портата USB-C.
Може да потрае подолго за полнење од лаптопи или други
извори на енергија.
4. Светлосниот прстен околу копчето за вклучување го
покажува статусот на полнење:
Пулсирачко црвено: полнење, 0-49 % наполнето
Пулсирачко жолто: полнење, 50-99 % наполнето
Зелена стална светлина: полно 100 %
Трепкачко црвено/зелено: премногу ладно или влажно,
батеријата е неисправна или не е вметната батерија
Светлечко црвено: Превисока температура (премногу
топло)
Ако светлосниот прстен трепка црвено и зелено, осигурите
се дека батеријата е правилно вметната. За оваа намена
отстранете ja батеријата и повторно ставете ја.
Ако индикаторот продолжи да трепка црвено и зелено
наизменично, батеријата може да биде премногу топла,
премногу ладна или влажна. Оставете ја батеријата да се
олади, загрее или да се исуши во зависност од нејзината
состојба, а потоа вметнете ја повторно. Ако проблемот се не
реши, обратете се кон одделот Опслужување на клиенти на
фирма MILWAUKEE.
ПРИКАЗ НА СОСТОЈБА НА ПОЛНЕЊЕ
Светлосниот прстен околу копчето за вклучување го
покажува статусот на полнење на батеријата:
Црвена трепкава светлина: преостанат капацитет 0-2 %
Црвена стална светлина: преостанат капацитет 3-9 %
Жолта стална светлина: преостанат капацитет 10-49 %
Зелена стална светлина: преостанат капацитет 50-100 %
Прегревање: Ако светилката стане послаба и светлосниот
прстен свети постојано црвено, батеријата може да е
премногу загреана. Штом батеријата ќе се олади, светилката
повторно ќе работи нормално.
МАКЕДОНСКИ
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да се одржуваат
чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење
на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C
и на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и
одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии
од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да
биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на
следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба
да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж
на апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Да не се гледа во вклучен извор на светлина.
USB-порта
Електрична заштита од класа III.
Заштитна класа
IP50
Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба.
Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.
Не отстранувајте ги отпадните батерии,
отпадната електрична и електронска опрема како
несортиран комунален отпад. Отпадните батерии
и отпадната електрична и електронска опрема
мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори
и отпадните извори на светлина треба да се
отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или
продавач за совети за рециклирање и место за
собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците
на мало може да се обврзани бесплатно да
ги преземаат искористените батерии, како и
отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и
рециклирање на отпадните батерии и отпадната
електрична и електронска опрема помага да се
намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат
литиум, и отпадната електрична и електронска
опрема содржат вредни материјали за
рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на
луѓето доколку не се отстранат на еколошки
компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната
опрема, доколку ги има.
Европска ознака за сообразност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
65

Publicidad

loading