Descargar Imprimir esta página

Bosch Professional GSB 18V-150 Manual Original página 211

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
Лев тек: Турнете го прекинувачот за правец на
вртење (16) од двете страни се до крај во позиција
.
Подесување на режимот на работа
Дупчење
Прекинувачот за избор на начинот на
работа (7) поставете го на ознаката
„Дупчење".
Завртување
Прекинувачот за избор на начинот на
работа (7) поставете го на ознаката
„Завртување".
Ударно дупчење (GSB 18V-150 C)
Прекинувачот за избор на режимот на
работа (7) поставете го на ознаката „Ударно
дупчење".
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(17) и држете го притиснат.
LED светилката (13) свети доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување (17) е половично или целосно
притиснат и овозможува осветлување на работното поле
при неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (17).
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може
да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку
подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (17).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (17) се постигнува мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.
Избирање на вртежниот момент (Важи за начин на
работење, навртување)
Со прстенот за подесување на вртежниот момент (6)
може да го изберете потребниот вртежен момент во 25
степени. Штом ќе се постигне вртежниот момент, алатот
за вметнување запира.
Механички избор на брзини
Прекинувач за избор на брзина (8) активирајте го
u
само кога електричниот алат е во празен од.
Брзина 1:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар
на дупчење или за навртување.
Брзина 2:
Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.
Bosch Power Tools
Прекинувачот за избор на брзини секогаш
u
притискајте го до крај. Инаку електричниот алат
може да се оштети.
Брзо исклучување (KickBack Control)
Брзото исклучување (KickBack Control)
нуди подобра контрола на електричниот
алат и со тоа ја зголемува заштитата при
користење, во споредба со електричните
алати без KickBack Control. При ненадејна и
непредвидена ротација на електричниот алат околу
оската за дупчење, тој се исклучува.
Брзото исклучување на електричниот алат се прикажува
со црвено трепкање на LED-светилката (22), со
трепкачко светкање на работното светло (13) како и
црвено светкање на LED-светилката за KickBack
Control (23).
За повторно ставање во употреба отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување и одново
притиснете го.
Ако функцијата KickBack Control е дефектна,
u
електричниот алат не се вклучува. Поправката на
електричниот алат смее се изврши само од страна
на квалификуван стручен персонал и само со
користење на оригинални резервни делови.
Брзото исклучување на корисничкиот интерфејс (14)
може да се деактивира со копчето (24). Доколку
електричниот алат не се користи повеќе од 5 минути или
се извади акумулаторската батерија, автоматски се
вклучува брзото исклучување. Моменталната состојба на
LED-светилката за KickBack Control се прикажува (23) на
корисничкиот интерфејс (14).
Осигурете се дека светлото за предупредување не е
видливо од сите насоки. Доколку има јака светлина од
сонцето, светлото за предупредување тешко може да се
препознае.
Electronic Angle Detection (EAD)
Со електронското препознавање на аголот (EAD) може
претходно да се избере агол на косина кој електричниот
алат го препознава при работењето, и му го прикажува на
корисникот. Со тоа се овозможува, на пример, да се
дупчи или завртува правоаголно на закосена површина.
Електронското препознавање на аголот (EAD) се
управува преку корисничкиот интерфејс (14).
Изберете агол (45°, 60°, дефиниран од корисникот) на
корисничкиот интерфејс (14). Напомена: во фабричките
поставки аголот дефиниран од корисникот е 90°. Може да
се прилагоди преку Bosch-апликацијата.
За поставување на аголот, притискајте на електронското
препознавање на аголот (EAD) (20) додека LED-
светилката на саканиот агол на косина (21) не почне да
трепка.
Покрај LED-светилката на саканиот агол на косина (21),
започнува жолто да трепка исто така и LED-светилката за
електронското препознавање на аголот (EAD) (9).
Позиционирајте го електричниот алат на саканата
површина и држете што е можно постабилно. Напомена:
Македонски | 211
1 609 92A 838 | (14.07.2022)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Professional gsr 18v-150