1. Вовед
1.1 Безбедносни предупредувања
Вашата безбедност е важна за нас. Ве молиме прочитајте
ги овие информации пред да ја користите вашата плоча за
готвење.
1.2 Инсталација
1.2.1 Опасност од електричен удар
• Прекинете го напојувањето на уредот со електрична
енергија пред каква било поправка или одржување на
истиот.
• Поврзувањето на добро заземјување е неопходно и
обврзно.
• Промените во домашниот систем на н апојување мора
да ги изврши само квалификуван електричар.
• Непочитувањето на овој совет може да доведе до
струен удар или смрт.
1.2.2 Опасност од исеченици
• Внимателно – рабовите на плочата се остри.
• Невнимателноста може да доведе до повреди и
исеченици.
1.2.3 Важни безбедносни упатства
• Внимателно прочитајте го ова упатство пред
инсталација или употреба на уредот.
• Никаков запалив материјал не смее да стои над уредот
во кој било момент.
• Ве молиме, погрижете се овие информации да бидат
достапни за лицето одговорно за инсталација на
уредот, што може и да ги намали трошоците за
инсталација.
• За да се избегнат ризици, уредот мора да биде
инсталиран согласно овие информации за инсталација.
•
Уредот треба прописно да го инсталира и заземји само
соодветно квалификувано лице.
• Уредот треба да биде поврзан во струјно коло кое има
изолациски прекинувач, што овозможува потполн
прекин на напојувањето со електрична енергија.
4