Descargar Imprimir esta página

Bosch 0601B23100 Manual Original página 336

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 57
336 | Македонски
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (15).
Поставување на страничното отстапување при
движење на рачката на алатот (види слика T4)
– Извадете ги четирите завртки (61) од капакот за
заштита на ласерот (15) со крстест одвртувач.
Напомена: За да дојдете до предните завртки на
капакот за заштита на ласерот, мора да го навалите
осцилаторниот заштитен капак (16) наназад.
– Олабавете ги двете завртки за прицврстување (63)
(околу 1–2 вртења) со клуч со внатрешна шестаголна
глава (59).
Не ги одвртувајте целосно завртките.
– Поместете го куќиштето на ласерот налево или
надесно, додека ласерските зраци, при движење
надолу на кракот на алатот, повеќе не отстапуваат
странично.
– По поставувањето, одново проверете ја прецизноста
на линијата на сечење. Доколку е потребно, израмнете
ги уште еднаш ласерските зраци со завртките за
подесување (58)/(60).
– Држете го куќиштето на ласерот во оваа позиција и
повторно затегнете ги завртките за прицврстување
(63).
– Повторно прицврстете го заштитното капаче на
ласерот (15).
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°.
Рачката (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика U1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (20).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (49).
Подесување (види слика U2)
– Олабавете го затезниот лост (8).
– Притиснете го граничникот (45) сосема наназад.
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (64) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
1 609 92A 8L3 | (06.03.2023)
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затезниот лост (8).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (64).
Доколку агломерот (44) и (5) по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаките на скалата (4), олабавете ги
завртките за подесување на агломерот со крстест
одвртувач и израмнете го агломерот по должина на 0°-
ознаките.
Подесување на вертикалниот стандарден агол на
закосување 45° (лево)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива гранична водилка (2).
– Свртете го левиот граничник (3) додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката со
стрелка.
– Олабавете го затезниот лост (8).
– Навалете ја рачката на алатот на дршката (13) налево
додека завртката-граничник (65) не налегне на
граничникот (3).
Проверка (види слика V1)
– Поставете го агломерот 45° и ставете го на масата за
пила (20).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (49).
Подесување (види слика V2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (65) со обичен прстенест или вилушкаст
клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник (65) навнатре или
нанадвор додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно затегнете го затезниот лост (8).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник (65).
Ако агломерот (44) и (5) по подесувањето не е во една
линија со 45°-ознаките на скалата (4), проверете ја уште
еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Вертикален стандарден агол на закосување 45°
(десно)
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (20) до жлебот (27) за 0°.
Лостот (24) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја десната подеслива гранична водилка (2).
– Извлечете го граничникот (45) целосно нанапред.
– Свртете го десниот граничник (3) додека
стандардниот агол на закосување 45° не се вклопи на
ознаката со стрелка.
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Heavy duty gcm 12 sde professional