Descargar Imprimir esta página

AL-KO 4712SP-A Manual Del Usuario página 295

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 53
За упатството
„ Прочитајте го целото упатство пред да ја
пуштите косилката во работа. Тоа е предуслов
за сигурно работење и за ракување без пречки.
Пред да ја користите машината, запознајте се со
нејзините команди и со нејзината примена.
„ Придржувајте се кон советите за безбедност
и за предупредување, наведени во
документацијата, како и на апаратот.
„ Оваа документација се траен составен дел на
опишаниот производ и при евентуално отуѓување
треба да му се предаде на новиот сопственик.
Објаснување на знаците
Внимание!
Следењето на овие совети за
предупредување може да спречи телесна
повреда или материјална штета.
Специјални совети за подобро разбирање и
ракување.
Симболот на фотоапарат укажува на слики.
Содржина
За упатството ........................................................... 293
Опис на производот ................................................. 293
Безбедносни и заштитни уреди .............................. 293
Безбедносни совети ................................................ 295
Монтажа.................................................................... 296
Точење ...................................................................... 296
Пуштање во работа ................................................. 297
Одржување и нега ................................................... 300
Чување...................................................................... 301
Поправка................................................................... 301
Отстранување .......................................................... 301
Помош при пречки ................................................... 302
EУ-изјава за усогласеност ...................................... 303
Гаранција .................................................................. 303
470 592_f
Опис на производот
Во оваа документација се опишани разни модели
на бензински косилки за трева. Некои модели се
опремени со кош за зафаќање на тревата и/или
дополнително се погодни и за расфрлување на
тревата.
Идентификувајте го својот модел преку сликите на
производите и на описот на разните опции.
Прописна примена
Овој апарат е предвиден за косење на приватни
тревни површини и смее да се користи само на суви
тревници.
Секаква друга примена се смета за непрописна.
Можна погрешна примена
„ Оваа косилка за трева не треба да се применува
во јавни зеленила, паркови, спортски објекти,
како и во земјоделството и во шумарството
„ Безбедносните уреди не смеат да се
демонтираат или да се премостуваат
„ Не користете го апаратот при дожд или на мокар
тревник
„ Апаратот не смее да се користи во комерцијални
цели
Безбедносни и заштитни уреди
Внимание - Опасност од повреда!
Безбедносните и заштитните уреди не смеат
да се исклучуваат!
Безбедносен држач
Апаратот е опремен со безбедносен држач. Во
момент на опасност само отпуштете го.
Уреди без спојка за ножот:
„ ножот се запира
„ моторот се запира
Уреди со спојка за ножот:
„ ножот се запира
„ моторот продолжува да работи
МК
293

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

127640