изберете саканата јачина на пареа за секоја облека по ваша желба. Проверете дали во
резервоарот има доволно вода.
5. Завртете го тркалцето за температура на саканата јачина, која зависи од ткаенината
на облеката. Пеглата почнува да се загрева, а индикаторот за температура непрекинато
свети за време на загревањето. Консултирајте ги деловите „СОВЕТИ ЗА
ПЕГЛАЊЕ" и „ДОПОЛНИТЕЛНА ТАБЕЛА" кога ја избирате температурата.
6. По неколку минути, индикаторот за температура се гасне, што е знак дека е
постигната избраната температура на грејната плоча. Кога индикаторот на избраната
јачина на пареа ќе прејде од трепкање во непрекинато светење, тоа е знак дека пеглата
е подготвена за пеглање облека со пареа.
7. Притиснете го копчето за пареа со мала сила, пареата ќе почне континуирано да се
испушта од гејната плоча; потоа можете да ја пеглате облеката на пареа.
8. Накратко притиснете го копчето за пареа двапати за да испуштите млаз пареа ако
треба да испеглате стари рабови.
Белешка: за време на испуштање пареа може да капе вода кога температурата на
грејната плоча е на втората поставка и пониска од тоа. Ова е нормално.
Внимание:
1) Не допирајте ја жешката плоча во ниту еден момент пред да се излади!
2) Никогаш не насочувајте ја пареата кон луѓето!
3) Не активирајте го копчето за пареа кога пеглата е поставена на основата на за
да не се попарите.
9. Кога ќе завршите со пеглање, притиснете го копчето за вклучување/исклучување и
држете го притиснато подолго од 2 секунди; пеглата ќе се исклучи и ќе се изгаснат
сите индикатори. Извадете го кабелот од ѕидниот штекер. Но, плочата е сè уште жешка,
така што никогаш не допирајте ја со рака; ставете ја пеглата на термизолациониот
држач додека не се излади целосно.
АВТО-ЧИСТЕЊЕ
Ако свети „Индикаторот за отстранување бигор", тоа е знак дека генераторот на пареа
ќе се исчисти поради тоа што дошло до натрупување на минералните наслаги до