Descargar Imprimir esta página

MIRKA 1230 M Instrucciones De Manejo página 223

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 91
1. Безбедносни упатства
Овој документ содржи безбедносни информации кои се релевантни за уредот, како и водич за брзо
започнување . Пред да ја стартувате вашата машина за прв пат, мора внимателно да го прочитате
целиот прирачник со упатства . Зачувајте ги упатствата за подоцнежна употреба .
Дополнителна поддршка
Дополнителни информации за уредот може да се најдат на нашата веб-страница www .mirka .com . Доколку имате
дополнителни прашања, обратете се до претставникот на сервисот на Mirka за вашата земја . Видете ја задната
страна на овој документ .
1.1 Симболи со кои се означуваат упатствата
ОПАСНОСТ
Опасност која директно доведува до сериозни или непоправливи повреди, па дури и смрт .
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност која може да доведе до сериозни повреди, па дури и смрт .
ВНИМАНИЕ
Опасност која може да доведе до помали повреди или оштетувања .
1.2 Упатства за употреба
Уредот мора:
• Да го користат само лица кои се запознаени со неговото правилно ракување и имаат изречно овластување да
ракуваат со него .
• Да се користи само под надзор .
• Овој уред не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички, сензорни или
ментални способности или со недостаток од искуство и знаење .
• Децата мора да бидат под надзор за да се осигури тие да не си играат со уредот .
• Не користете работни методи кои не се безбедни .
• Никогаш не го користете уредот без филтер .
• Исклучете го уредот и исклучете го кабелот за напојување во следните ситуации:
– Пред чистење и сервисирање
– Пред да заменувате компоненти
– Пред да го замените уредот
– Доколку се создава пена или се појави течност
Покрај упатствата за ракување и обврзните регулативи за спречување несреќи на работното место кои важат во
земјата во која се употребува уредот, потребно е да се придржувате и до признатите регулативи за безбедно и
правилно работење .
Пред да започнат со работа, операторите мора да бидат информирани и обучени за:
• употреба на машината .
• опасностите кои би можеле да произлезат од материјалот што се вшмукува .
• безбедно отстранување на собраниот материјал .
1.3 Намена и предвидена употреба
Овој преносен уред за вшмукување прашина е дизајниран, развиен и ригорозно тестиран за да може да
функционира ефикасно и безбедно, доколку правилно го одржувате и го користите во согласност со следните
упатства .
Оваа машина е соодветна за индустриска употреба, на пример во фабрики, на градилишта и во работилници .
Незгодите кои произлегуваат од погрешна употреба може да ги спречат само оние лица кои управуваат со
машината .
Mirka® Dust Extractor • 1230 M & 1242 M • 230 V / 100–120 V • PC & AFC
mk
223

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

1242 m