Descargar Imprimir esta página

Bosch UniversalLeafBlower 18V-130 Manual Original página 141

Ocultar thumbs Ver también para UniversalLeafBlower 18V-130:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 22
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130 °C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни упатства за градинарската
дувалка
Не ја користете градинарската алатка при лоши
u
временски услови, особено кога се наближува
невреме со грмотевици. Со тоа ќе го намалите
ризикот и веројатноста да бидете погодени од гром.
Носете заштитни слушалки и очила. Соодветната
u
заштитна опрема го намалува ризикот од повреда.
Кога работите со овој уред секогаш носете
u
нелизгави и заштитни обувки. Немојте да ја
употребувате градинарската алатка боси ниту со
отворени сандали. Ова го намалува ризикот од
повреда на стапалата.
Не носете широка облека или додатоци како што се
u
марами, жици, синџири, вратоврски итн. што може
да се вовлечат во отворите за вентилација.
Покријте или врзете ја назад долгата коса за да ја
држите надвор од отворите за воздух.
Повлекувањето на еден од овие предмети во отворите
за вентилација што може да го зголеми ризикот од
повреда.
Држете ги присутните и другите луѓе подалеку
u
додека работите со моќен градинарски алат.
Bosch Power Tools
Исфрлените предмети го зголемуваат ризикот од
повреда.
Никогаш не насочувајте ја млазницата на дувалката
u
кон луѓе, миленичиња или кон прозорците. Бидете
особено внимателни кога ја користите дувалката за
листови во близина на тврди предмети како што се
дрвја, автомобили и зидови бидејќи предметите
што се издувани може да се рикошетираат од нив.
Фрлените предмети може да го оштетат имотот околу и
да го зголемат ризикот од повреда.
Не користете го овој градинарски алат за подигање
u
или издувување на веќе запалени или предмети
кои чадат како што се цигари, ќибритчиња или
врела пепел. Овие извори на пламен може да го
зголемат ризикот од пожар.
Не допирајте го вентилаторот додека е во
u
движење. Исклучете ја градинарската алатка и
почекајте додека дувањето се смири и застане.
Извлечете го кабелот за напојување од штекер
пред да ги отстраните предметите што го блокираат
вентилаторот. Ова го намалува ризикот од повреда од
подвижните делови.
Кога сакате да отстраните заглавен отпад или да
u
одржувате делови од алатот, проверете и бидете
сигурни дека прекинувачот за вклу-/исклучување е
исклучен. Случајното стартување на алатката при
отстранување на заглавен отпадок може да доведе до
сериозни и тешки повреди.
Дополнителни сигурносни напомени
Не дувајте и не го користете уредот во близина на
u
топли, запалливи или експлозивни материјали. Не
дувајте снег или нешто што може да стане проектил.
Не ја користетедувалката за да возите возило (на пр.
скејтборди).
Дувалката продолжува да дува уште неколку
u
секунди по исклучувањето (задржан воздух).
Пуштете моторот да престане со работа пред повторно
да го вклучите.
Не палете-гасете го уредот повеќепати едноподруго.
Овој уред не е наменет за лица (и деца) со
u
ограничени физички, сензорни или ментални
способности, со недостаток на искуство и
знаење,освен ако се под надзор од страна на
личност одговорна за нивната безбедност која ги
упатува како да го користат уредот и ги надгледува
при работата. Децата треба да бидат под надзор да не
си играат со уредот.
Одржувајте ги чисти и не дозволувајте нечистотија
u
и отпадоци да влегуваат во отворите за ладење.
Не вршете промени на уредот. Неовластените
u
модификации можат да доведат до нарушување на
безбедноста на косачката или да ја зголемат бучавата
или вибрациите.
Стартувањето на производот треба секогаш да
u
биде прво со помала брзина, особено кога
температурите се ниски.
Македонски | 141
F 016 L94 665 | (18.09.2023)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

3 600 ha0 600