Descargar Imprimir esta página

Mennekes Crarging cable Mode 3 Manual De Instrucciones página 64

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 12
МАКЕДОНСКИ
Предвидена употреба
Кабелот за полнење може да се користи за
полнење електрични и хибридни возила, понатаму
како "возила", со приклучување во соодветна
инфраструктура за полнење со тип 2.
Доколку се сомневате дека инфраструктурата
е соодветна, проверете ја заедно со стручен
електричар.
Друга употреба не е дозволена и според тоа е
непрописна. Кабелот за полнење е безбеден само
кога се следат овие упатства за употреба, како и
документацијата за возилото.
 Пред да го употребувате кабелот за полнење,
прочитајте ги упатствата за употреба и
документацијата за возилото.
 Следете ги инструкциите додека го употребувате
кабелот за полнење.
Невниманието може да предизвика лични повреди
и материјални штети, на пример, поради електричен
удар, краток спој или изгореници.
Неправилна употреба
Доколку неправилно го употребувате, се зголемува
ризикот за лични повреди и материјални штети.
Особено е забрането:
 да правите промени или модификации на кабелот
за полнење.
 Приклучување на кабелот за полнење во дефектна
или несоодветна инфраструктура за полнење за
којашто кабелот не е наменет да работи постојано.
 Употреба на дефектен кабел за полнење.
Одговорноста за сите лични повреди и материјални
штети што би настанале како последица од неправилна
употреба е на корисникот на кабелот.
MENNEKES Stecker GmbH & Co.KG не презема
одговорност за грешките при работата и штетите што
настануваат од неправилна употреба.
63
intl(44)_501288-0_BA_Ladekabel_Mode3_Mercedes-Benz_v00_28-01-2020.indd 63
intl(44)_501288-0_BA_Ladekabel_Mode3_Mercedes-Benz_v00_28-01-2020.indd 63
Основни безбедносни напомени
Внимавајте на насловната страница –
Слика 1.
Ситуациите прикажани на сликата 1 се
забранети. Ако не ги избегнете ситуациите,
постои опасност за лични повреди и
материјални штети.
 Држете ги децата понастрана од кабелот за
полнење.
 Држете ги животните понастрана од кабелот за
полнење.
 Да не се користат продолжетоци или адаптери.
 Приклучете го кабелот за полнење во
инфраструктура за полнење којашто е без
проблеми и е соодветна.
 Не употребувајте го кабелот во средини каде што
има опасност за експлозија.
Технички податоци
Техничките податоци можете да ги пронајдете на
фабричката табличка на куќиштето.
 Внимавајте на техничките податоци на фабричката
табличка.
Назив
Стандард
Тип на заштита
макс. номинален напон AC [V]
Номинален напон [A]
Номинална фреквенција [Hz]
Моќност на полнење [kW]
Амбиентална температура [°C]
Температура во магацин [°C]
макс. височина на употреба
[m надморска височина]
Вредност
IEC 61851, IEC 62196
IP20 (неприклучен)
IP44 (приклучен)
IP44 (со заштитен
капак)
480
20 / 32
50 / 60
4,6 ... 22
-40 ... +80
-40 ... +80
4000
19.03.2020 12:46:47
19.03.2020 12:46:47

Publicidad

loading

Productos relacionados para Mennekes Crarging cable Mode 3