176 | Македонски
Ако пораката за грешка се појави повторно, исклучете го и одново вклучете го
мерниот уред и повторно стартувајте го мерењето.
Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење. Доколку се утврди
дефект, трепкаат сите прикази на екранот. Во овој случај или доколку со мерките за
помош не може да се отстрани пречката, предадете го вашиот мерен уред преку
вашиот трговец на сервисната служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење
или раствори.
Особено одржувајте ја чиста приемната леќа (11) со истата грижа, со која треба да се
одржуваат очила или леќи на фотоапарат.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и
одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања
за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-
цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Д.П.Т.У "РОЈКА"
Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69
1000 Скопје
Е-пошта: servisrojka@yahoo.com
1 609 92A 8LF | (06.03.2024)
Bosch Power Tools