Електричниот алат секогаш мора да
се води во спротивен правец на
движење. Инаку постои опасност,
тој неконтролирано да се истисне
од резот. При сечење на профили и
четириаголни цевки, најдобро е да
поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
При сечење камен со композитен диск за сечење
u
или со дијамантски диск за сечење за камен/бетон,
секогаш користете го капакот за всисување за
сечење со лизгачки водилки (21) или заштитниот
капак за сечење (16).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
u
Електричниот алат смее да се користи само за
u
сечење/брусење на суви материјали.
При употреба на заштитниот капак за сечење (16)
u
или заштитниот капак за брусење (6) за сечење и
брусење во бетон или ѕидни конструкции, постои
зголемена изложеност на прашина и зголемен
ризик од губење контрола над електричниот алат,
што може да доведе до повратен удар.
За сечење на камен најдобро е да употребите
дијамантска брусна плоча за сечење.
При користење на хаубата за всисување за сечење со
лизгачки водилки (21) всисувачот на прав мора да биде
дозволен за всисување на правта од каменот. Bosch ги
нуди соодветните всисувачи на прав.
Вклучете го електричниот алат и
поставете го со предниот дел на
лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го
електричниот алат со умерено
движење по материјалот што се
обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон
со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи
околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во
празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Сечење на други материјали
При сечење на материјали како пластика,
u
композитен материјал итн. со композитен диск или
карбиден диск за сечење Carbide Multi Wheel
секогаш користете го заштитниот капак за
сечењето (16). Со користењето на хаубата за
Bosch Power Tools
всисување со лизгачки водилки (21) ќе постигнете
подобар резултат од всисувањето прав.
Работење со дијамантска крунеста бургија
Користете само сува дијамантска крунеста бургија.
u
При работењето со дијамантската крунеста бургија
u
секогаш монтирајте ја заштитата за рацете (22).
Не поставувајте ја дијамантската крунеста бургија
паралелно на делот што се обработува. Навалете се во
делот што се обработува под агол и со кружни движења.
Ова ви овозможува да постигнете оптимално ладење и
подолг работен век на дијамантската крунеста бургија.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на прописите
специфични за земјата. Мора задолжително да се
придржувате до овие прописи. Пред почетокот на
работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или
надлежните градежни раководители за да се советувате.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
При работа на електричниот алат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не
располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не
располагаат со соодветна регулација на јачина, може да
дојде до губење на јачината или нетипично однесување
при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Држете го уредот само за изолираните рачки и
u
дополнителната рачка. Алатот за вметнување може
да дојде во контакт со скриени струјни кабли или
сопствениот кабел. Контактот со струјниот кабел
може металните делови на уредот да ги стави под
напон и да доведе до електричен удар.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) нанапред и потоа држете го.
За зацврстување на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување (3) вметнете го прекинувачот
за исклучување/вклучување (3) понапред.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн.
доколку тој е блокиран, кратко притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и потоа
отпуштете го.
Конструкција на прекинувачот без блокада (во
зависност од земјата):
За ставање во употреба на електричниот алат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
(3) нанапред и потоа држете го.
Македонски | 237
1 609 92A 91W | (13.11.2023)