Descargar Imprimir esta página

Makita DCV200 Manual De Instrucciones página 107

Chaleco electrotérmico
Ocultar thumbs Ver también para DCV200:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
ФУНКЦИОНАЛЕН ОПИС
Вклучување
За да го вклучите елекот, турнете го и задржете го
копчето за вклучување/исклучување (околу 1,5
секунди). За да ја исклучите, повторно турнете го и
задржете го копчето за вклучување/исклучување.
Прилагодување на температурата
Постојат три нагодувања за температурата (високо,
ниско, средно).
Три LED ламбички означуваат дека температурата е
поставена на „високо", две LED ламбички „средно" и
една LED ламбичка - „ниско".
Кога ќе го вклучите елекот, температурата се
поставува на „високо". Со секое притискање на
копчето за вклучување/исклучување, се менува
нагодувањето на температурата на елекот.
СКЛОПУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
• Цврсто држете го држачот на батеријата и
касетата со батеријата кога ја монтирате или
отстранувате касетата со батеријата. Ако
држачот на батеријата и касетата со батеријата не
се држат цврсто, тоа може да предизвика нивно
лизгање од вашите раце и да резултира со
оштетување на држачот на батеријата и касетата со
батеријата, како и со лична повреда.
Монтирање или остранување на
касетата врз држачот на батеријата
(Сл. 2)
за CV100D
За да ја монтирате касетата со батеријата (5), држете
ја така што предниот дел на касетата со батеријата да
влезе во делот на држачот и турнете ја да се заклучи
во место. Вметнете ја до крај додека не се заклучи на
место при што ќе се слушне мало кликнување.
Секогаш вметнувајте ја батеријата до крај додека не
застане на место. Во спротивно, може случајно да
испадне од држачот на батеријата, со тоа
предизвикувајќи повреда вам или некому околу вас.
Немојте да ја монтирате касетата со батеријата
насилно. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
За да ја извадите касетата со батеријата, повлечете ја
од држачот на батеријата додека ги притискате
копчињата (6) од страните на касетата.
за DCV200
За да ја монтирате касетата со батеријата (7),
порамнете го јазичето на касетата со батеријата со
жлебот во држачот на батеријата и турнете ја да
застане во место. Вметнете ја до крај додека не се
заклучи на место при што ќе се слушне мало
кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор (8) на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
Секогаш монтирајте ја касетата со батеријата целосно
додека црвениот индикатор не престане да свети. Во
спротивно, може случајно да испадне од држачот на
батеријата, со тоа предизвикувајќи повреда вам или
некому околу вас.
Немојте да ја монтирате касетата со батеријата
насилно. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
За да ја отстраните касетата со батеријата, лизнете ја
од држачот на батеријата додека го лизгате копчето (9)
на предниот дел од батеријата.
Прикачување на држачот на батеријата
на елекот со греење
за CV100D (Сл. 3)
Поврзете ги држачот на батеријата и кабелот за
напојување на елекот. Поставете го држачот на
батеријата во џебот за држачот на батеријата.
за DCV200 (Сл. 4)
Можете да го закачите држачот на батеријата на
ременот.
Прво, протнете го кабелот за напојување на елекот низ
дупката внатре во џебот за држачот на батеријата, и
поврзете ги држачот на батеријата и кабелот за
напојување на елекот. Потоа, закачете до држачот на
батеријата на вашиот ремен.
Поврзување USB-уред (само за
DCV200) (Сл. 5)
ВНИМАНИЕ:
• Во отворот за USB за снабдување со електрична
енергија, поврзувајте само уреди што се
компатибилни со извор на електрична енергија DC
5V, 2,1A. Во спротивно, може да дојде до дефект на
држачот на батеријата.
Држачот на батеријата (со батеријата) може да работи
како надворешен уред за снабдување со електрична
енергија за USB-уред. Поврзете го кабелот за USB (не
е вклучен во пакетот) во отворот за снабдување со
електрична енергија на на држачот на батеријата. И
потоа, поврзете го другиот крај од кабелот со уредот.
Кабелот за USB може да се постави внатре во елекот
заради удобност користејќи го дупчето на џебот и
држачот на кабел.
НАПОМЕНА:
• Пред да поврзете USB-уред во полначот, секогаш
правете резервни копии од вашите податоци што се
наоѓаат на USB-уредот. Во спротивно, постои
можност да дојде до загуба на вашите податоци.
• Полначот може да не полни одредени USB-уреди.
• Почекајте 10 секунди пред да започнете со
последователно полнење друг уред.
• Кога не се користи или по полнење, вадете го USB-
кабелот и затворајте го капакот.
ОДРЖУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секоја проверка или одржување, секогаш
проверувајте дали елекот е исклучен и касетата со
батеријата е извадена.
107

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Cv100dDcv200zl