Descargar Imprimir esta página

Milwaukee M12 BBL-0 Manual Original página 89

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
Сите отвори за ладење на воздухот одржувајте ги така, за да
немаат допир со нечистотија.
Обратете внимание на тоа, од расфрлуваните страни тела да не
бидат повредени лица кои што би стоеле во Ваша близина.
Не всмукувајте течности!
Не се наслонувајте премногу према напред и во секое време
одржувајте ја рамнотежата.
Ако производот падне, претрпи тежок удар или ако чудно
вибрира, веднаш стопирајте го производот и проверете да не
има некакви оштетување или идентификувајте ја причината
за вибрирањето. Секоја штета мора уредно да биде отклонета
од страна на овластениот сервис или треба да се замени
производот.
Не ја користете на дожд и не ја оставајте на дожд.
Одржување и складирање
Пред одржување, инспекција, складирање или промена на дел
од приборот, да се извади батеријата и да се констатира со
сигурност дека сите подвижни делови се во мирување. Пред
спроведувањето на испекциите и подесувањата, машината да
се остави да се олади. Добро грижете се за машината и чувајте
ја чиста.
Да се чува на ладно место и надвор од дофат на деца.
Пред складирањето машината да се остави да се олади.
Не изведувајте измени кај дувачот на листови. Недозволиви
промени би можеле да ја загрозат безбедноста на дувачот на
листови и да доведе до засилени шумови и вибрации.
Осигурајте се дека сите мутери, клинови и штрафови се цврсти
за да биде гарантирана безбедна состојба на работење на
градинарскиот апарат.
Проверете го градинарскиот апарат и заменете ги заради
причини на безбедност изабените или оштетените делови.
Од сигурносни причини треба да се изврши замена на
изабените и оштетените делови. Користете само оригинални
резервни делови и прибор.
Никогаш немојте да се обидувате да ја премостите заштитната
направа.
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Овој апарат може да го користат
деца на возраст од 8 години и нагоре,
како и лица со намалени психички,
сензорни или ментални способноси
или со недостаток на искуство и /
или знаење, доколку се под надзор
или доколку добиле упатства за
безбедна употреба и ги сфатиле
потенцијалните опасности што би
произлегле од употребата. Деца
не смее да си играат со апаратот.
Чистење и одржување на апаратот
не смее да вршат деца без соодветен
надзор.
Извадете го батерискиот склоп
пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината. Не ги оставајте
искористените батерии во домашниот
отпад и не горете ги. Дистрибутерите
на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата
околина. Не ги чувајте батериите
заедно со метални предмети (ризик
од краток спој). Користете исклучиво
Систем M12 за полнење на батерии
од M12 систем. Не користете батерии
од друг систем.
Киселината од оштетените батериите
може да истече при екстремен напон
или температури. Доколку дојдете
во контакт со исатата, измијте се
веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво
најмалку 10минути и задолжително
одете на лекар.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Издувувачот на лисја на батерии служи за дување на
нечистотија и лисje.
Не користете го производот на друг начин освен на начините за
кои е наменет.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации. Држете
ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите. Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони,
ракавици и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батериите што не се полнат не треба да ги полните повторно.
Батериите на полнење мора да се отстранат од уредот пред
полнењето. Празните батерии мора да се извадат од апаратот и
безбедно да се отстранат. Кога апаратот се чува подолго време,
батериите треба да се отстранат.
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето
на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите
на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
МАКЕДОНСКИ
89

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

M12 bbl49334722144000483078