Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој,
електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка
и електро-алатот самостојно се исклучува.
За ресетирање, извадете го акумулаторот од алатот и заменете
го. Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен
транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна
на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за
транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени
лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето
тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или
протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции
обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
ЧИЩЕННЯ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно
отворени постојано.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку
некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат
заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на
Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален
приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот
како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и
порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно
кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10,
71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Не ја користете на дожд и не ја оставајте на дожд.
Секогаш при користење на машината носете
ракавици.
90
Носете штитник за уши.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна
маска.
Држете ги случајните минувачи настрана.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината. Информирајте се кај
Вашите местни служби или кај специјализираниот
трговски претставник, каде има такви погони за
рециклажа и собирни станици.
Гарантираното ниво на моќност на звук прикажано
на налепницата е 84 dB.
??
84
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ