Исклучете ги осцилациите за чисти рабови
за сечење и за работа во тенки или тврди
материјали (на пр. лим, челик).
Свртете го лостот за подесување
осцилации (9) нагоре.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување (види слика C)
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја
блокадата при вклучување (7) на лево. Потоа притиснете
го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и
држете го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (8). Потоа
притиснете ја блокадата при вклучување (7) повторно на
десно.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (8) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при поставување на сечилото за пила на алатот, како и
при сечење на пластика и алуминиум.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Совети
При сечење на лесни градежни материјали,
u
внимавајте на законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното
сечило за пила.
Bosch Power Tools
Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што
треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2)
на површината од делот што се обработува и сечете со
еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес, исклучете го
електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете
го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го
направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете
го електричниот алат.
Основна плоча што може да се навали и извади
(види слики D−E)
Основната плоча (2) поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Основната плоча (2) може да се помести бесстепено по
должина во зависност од користениот лист за пила и
употребата.
Олабавете ги завртките (13) со внатрешен шестаголен
клуч (5) и притиснете ја основната плоча (2) во саканата
позиција. Повторно затегнете ги завртките и проверете
дали основната плоча е добро фиксирана.
Сечење со вдлабнување (види слика F)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување! Не обработувајте метални
материјали со сечење со вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила
за пила.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (2) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (1) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
на делот што се обработува и оставете го сечилото за
пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (2) целосно ќе налегне на
површината на делот што се обработува, продолжете да
сечете по должина на саканата линија.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се
постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот
алат да се води соодветно свртен.
Кратки резови (види слика G)
Со еластичните биметални сечила за пила, може да
сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно
на ѕидот, како што се водоводни цевки.
Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да
u
биде подолго од дијаметарот на делот што се
обработува. Постои опасност од повратен удар.
Поставете го сечилото за пила директно на ѕид и
свиткајте го малку со страничен притисок на
електричниот алат, додека основната плоча не легне на
ѕидот. Вклучете го електричниот алат и сечете го делот
што се обработува со константен страничен притисок.
Македонски | 161
1 609 92A 757 | (25.03.2022)