Сервисна Служба И Совети При Користење - Bosch GAS 50 M Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GAS 50 M Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 24
OBJ_BUCH-877-007.book Page 140 Monday, August 11, 2014 11:47 AM
140 | Македонски
Вадење/заменување на набраниот филтер
(види слика C)
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер 18.
– Со железна паричка или сл. свртете го затворачот на
резето 8 за 1/4 во правец на стрелката и притиснете го
резето.
– Отворете го горниот дел на вшмукувачот 3 и цврсто
задржете го. Фатете го набраниот филтер 18 за
држачите и извадете го нагоре.
– Исчистете го набраниот филтер 18.
– Поставете го новиот исчистен набран филтер 18 и
внимавајте добро да легне.
– Повторно вратете го горниот дел на вшмукувачот 3 на
место. Со лесен притисок од горе, резето 8 повторно ќе
се вклопи.
Контејнер
Избришете го контејнерот 11 одвреме-навреме со
вообичаено средство за чистење што не гребе и оставете
го да се исуши.
Филтер за заштита на моторот (види слика C)
Филтерот за заштита на моторот 19 скоро и да нема
потреба од одржување. Одвреме-навреме извадете го
филтерот за заштита на моторот и исплакнете го под чиста
вода. Пред да го вратите на место, оставете го добро да се
исуши.
Сензори за ниво на наполнетост
20
Повремено исчистете ги сензорите за ниво на
наполнетост 20.
Отворете ги затворачите 13 и извадете го горниот дел на
вшмукувачот 3.
Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост 20 со една
мека крпа.
Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 3 и
затворете ги затворачите 13.
Дефекти
Доколку светлата за предупредување 4 трепкаат или се
слуша акустичен сигнал, мора да се исчисти набраниот
филтер 18. Притоа поставете го прекинувачот за вид на
режим 6 на ознаката Електромагнетско чистење на
филтерот. Набраните филтри се чистат околу 10 секунди.
1 609 92A 0XD | (11.8.14)
Осигурете се дека регулаторот на воздушен проток 5 стои
во позиција на употребениот дијаметар на цревото.
– Истресете ја преостанатата прав од набраниот филтер
18 и доколку е неопходно, заменете го набраниот
филтер 18.
– Проверете дали отворот на вреќичката за прав 17 е
запушен или вреќичката за прав 17 е полна. Во ваков
случај заменете ја вреќичката за прав 17.
Доколку по вклучувањето светлата за предупредување 4
одново трепкаат и/или се слуша акустичен сигнал,
постапете на следниов начин.
– Во начинот на работа ENT со далечинска автоматика
исклучете го приклучениот електричен уред и
извлечете го струјниот приклучок од приклучницата 7.
– Вклучете го вшмукувачот.
– Приклучете 35 mm црево.
– Доколку светлата за предупредување не трепкаат 4
вшмукувачот и цревото се во ред.
– Доколку светлата за предупредување трепкаат 4,
проверете дали во системот на вшмукување и цревото
за вшмукување 10 има заглавена нечистотија.
– Доколку и потоа светлата за предупредување 4
продолжат да трепкаат, исчистете го набраниот филтер
18 и доколку е неопходно заменете го.
– Доколку и понатаму не може да се постигне истата
јачина на вшмукување, однесете го вшмукувачот во
сервисната служба.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Отстранување
Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте вшмукувачот во домашната канта за ѓубре!
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido