Вметнување/вадење на батеријата
Совет: Користењето на несоодветни батерии може да
доведе до погрешно функционирање или до оштетување
на уредот.
Повторно ставете ја наполнетата батерија. Проверете
дали батеријата е правилно вклопена.
За вадење на батеријата од уредот, притиснете го
копчето за вадење на батеријата и извадете ја батеријата.
Полнење
Полнењето започнува кога полначот е приклучен во
утикач и батеријата е вметната во полначот .
Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски
се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и
ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во
зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот
постојано е наполнета.
Значење на симболите на полначот (AL 3620
CV/AL 3640 CV/AL 36V-20)
Брзо полнење
Процесот на брзо полнење се сигнализира
со брзо трепкање на зелениот приказ за
полнење на акумулаторот.
Индикатор на батеријата: За време на процесот на
полнење трите зелени LED светла светнуваат
едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно
наполнета, доколку трите зелени LED светла постојано
светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни целосно
батеријата, трите зелени LED светла повторно се гасат.
Совет: Брзото полнење е можно само ако температурата
на батеријата е во границите на дозволената
температура, види го делот „Технички податоци".
Батеријата е полна
Трајното светло на зелениот приказ на
батеријата сигнализира дека батеријата е
целосно наполнета.
Потоа во траење од околу 2 секунди се огласува сигнал
кој означува дека батеријата е целосно наполнета.
Тогаш батеријата може веднаш да се употребува.
Откако ќе ја извадите батеријата, трајното светло на
приказот за полнење на батеријата сигнализира дека
струјниот приклучок е сеуште приклучен на ѕидната
дозна и полначот е подготвен за работа.
Температура на батеријата под 0°C или над 45°C
Трајното светло на црвениот приказ за
полнење на батеријата сигнализира дека
температурата е надвор од дозволените
граници на полнење, видете во делот „Технички
податоци". Веднаш штом се постигнат дозволените
граници на температура, полначот се префрла
автоматски на брзо полнење.
Bosch Power Tools
Ако температурата на батеријата не е во дозволениот
опсег, при вметнување на батеријата во полначот
светнува црвеното светло.
Не е возможен процес на полнење
Ако постои некаква грешка при полнењето,
трепка црвено светло.
Полењето на батеријата не може да почне и
батеријата не може да се полни (види во делот
„Отстранување на грешки").
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на
полнење без прекин, полначот може да се затопли. Ова е
безопасно и не значи дека постои технички дефект на
полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува дека
батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Ладење на батеријата (Active Air Cooling)
Вградениот вентилатор во полначот ја контролира
температурата на вметнатиот акумулатор. Доколку
температурата на батеријата е над 30 °C, вентилаторот ќе
ја излади батеријата додека не ја достигне температурата
на полнење. Вклучениот вентилатор создава звук на
проветрување.
Доколку вентилаторот не работи, температурата на
батеријата е во оптималните граници на температура на
полнење или вентилаторот е дефектен. Во овој случај се
продолжува времето на полнење на батеријата.
Совети при работењето
Приказ за наполнетост на батеријата
Батеријата е опремена со индикатор кој го прикажува
нивото на наполнетост на батеријата. Индикаторот на
наполнетост се состои од 3 зелени лед сијалички.
Притиснете го копчето за наполнетост за да го активирате
прикажувањето на нивото на наполнетост на батеријата.
По околу 5 секунди индикаторот се гасне сам.
Нивото на наполнетост може да се провери и по вадење
на батеријата.
LED-приказ
Капацитет на батеријата
Постојано светење на 3
≥ 2/3
зелени лед сигнали
Постојано светење на 2
≥ 1/3
зелени лед сигнали
Постојано светење на 1
≤ 1/3
зелени лед сигнали
Трепкање на 1 зелен лед
Резерва
сигнал
Доколку по вклучувањето не свети LED сијаличката,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Македонски | 255
F 016 L81 839 | (28.03.2019)