Ставање Во Употреба - Bosch LR 60 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para LR 60 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
146 | Македонски
Приказ
Капацитет
0−5 %
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го ласерскиот приемник од влага и
u
директно изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте ласерскиот приемник на
u
екстремни температури или осцилации во
температурата. На пр. не го оставајте долго време во
автомобилот. При големи осцилации во
температурата, оставете го ласерскиот приемник
најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во
употреба. При екстремни температури или осцилации
во температурата, прецизноста на ласерскиот
приемник може да се наруши.
Поставување ласерски приемник (види слика A)
Поставете го ласерскиот приемник, на тој начин што
ласерскиот зрак ќе достигне до полето за прием (1).
Порамнете го на тој начин, така што ласерскиот зрак паѓа
напречно на приемното поле (како што е прикажано на
сликата).
Кај ротирачките ласери со повеќе режими на работа
изберете хоризонтален или вертикален режим со
највисоката ротирачка брзина.
Вклучување/исклучување
При вклучување на ласерскиот приемник се слуша
u
гласен сигнален тон. Затоа држете го ласерскиот
приемник подалеку од ушите одн. други лица при
вклучувањето. Гласниот тон може да го оштети
слухот.
За вклучување на ласерскиот приемник, притиснете го
копчето за вклучување-исклучување (19). Сите прикази
на екранот, како и сите LED-светилки кратко светнуваат и
се слуша сигнален тон.
За исклучување на ласерскиот приемник, држете го
копчето за вклучување-исклучување (19) додека сите
LED-светилки кратко светнат и екранот се исклучи. Освен
поставувањето на осветлувањето на екранот, сите други
поставки при исклучување на ласерскиот приемник ќе се
зачуваат.
Доколку за околу 10 min, не се притисне на ласерскиот
приемник и до приемното поле (1) 10 min не достигне
ласерски зрак, тогаш ласерскиот приемник автоматски
се исклучува заради заштита на батериите.
Поврзување со ротирачкиот ласер
(само со GRL 600 CHV)
При испораката, ротирачкиот ласер и испорачаниот
ласерски приемник се веќе поврзани преку Bluetooth®.
При веќе постоечка поврзаност, приказот ја покажува
поврзаноста преку Bluetooth® (b) на екранот на
ласерскиот приемник.
1 609 92A 596 | (25.10.2019)
За одново да се поврзе ласерскиот приемник или за да
поврзете друг ласерски приемник со ротирачкиот ласер,
држете го копчето Bluetooth® на ротирачкиот ласер
онолку долго додека на екранот се појави ознаката за
воспоставување на врската со далечинскиот управувач/
ласерски приемник. Потоа истовремено притиснете го
копчето X‑оска за 5 s (16)и копчето Y‑оска (15) на
ласерскиот приемник. Успешното воспоставување на
врската ќе се потврди на екранот на ротирачкиот ласер.
Во приказот за текст (e) на ласерскиот приемник се
појавува POK.
Доколку не се воспостави врска помеѓу ротирачкиот
ласер и ласерскиот приемник, тогаш се појавува во
приказот за текст (e) на ласерскиот приемник PNK и на
екранот на ротирачкиот ласер ќе се прикаже
известување за грешка за неуспешната врска. За
справување со грешки внимавајте на упатството за
употреба на ротирачкиот ласер.
Прикази за правец
Ќе се прикаже позицијата на ласерскиот зрак во
приемното поле (1):
– на екранот (5) на предната и задната страна на
ласерскиот приемник со приказот на правец
„Ласерски зрак под средишната линија" (f), приказот
на правец „Ласерски зрак над средишната линија" (j)
одн. приказот за средишна линија (h),
– опционално со црвената LED-светилка за приказот на
правец „Ласерски зрак под средишната линија" (4),
сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски
зрак над средишната линија" (2) како и зелената LED
средишна линија (3) на предната и задната страна на
ласерскиот приемник,
– опционално со сигнален тон.
Кога ласерскиот зрак за прв пат поминува низ приемното
поле (1) секогаш се огласува краток сигнален тон и
кратко засветуваат црвената LED-светилка за приказот на
правец „Ласерски зрак под средишната линија" (4) како и
сината LED-светилка за приказот на правец „Ласерски
зрак над средишната линија" (2) (дури и кога сигналниот
тон и/или LED-приказите за правец се исклучени).
Ласерскиот приемник е поставен прениско: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ горната половина на
приемното поле (1), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак над средишната линија" (j).
При вклучени LED-светилки, свети сината LED-светилка
за приказот на правец „Ласерски зрак над средишната
линија" (2).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
бавен такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
нагоре. Со доближување кон средишната ќе се прикаже
само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак над
средишната линија" (j).
Ласерскиот приемник е поставен превисоко: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ долната половина на
приемното поле (1), на екранот се појавува приказот за
правец „Ласерски зрак под средишната линија" (f).
Bosch Power Tools

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido