Bosch LR 60 Professional Manual Original página 147

Ocultar thumbs Ver también para LR 60 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
При вклучени LED-светилки, свети црвената LED-
светилка за приказот на правец „Ласерски зрак под
средишната линија" (4).
Доколку сигналниот тон е вклучен, се слуша сигнал со
забрзан такт.
Движете го ласерскиот приемник во правец на стрелката
надолу. Со доближување кон средишната ќе се прикаже
само врвот на приказот за правец „Ласерски зрак под
средишната линија" (f).
Ласерскиот приемник е поставен во средина: Доколку
ласерскиот зрак поминува низ полето за прием (1) на
висина на средишната линија, на екранот светнува
приказот за средишна линија (h).
При вклучени LED-светилки, свети зелената LED-
средишна линија (3).
При вклучен сигнален тон се слуша непрекинат тон.
Функција на зачувување на последниот прием:
Доколку ласерскиот приемник се движи на тој начин што
ласерскиот зрак повторно излегува надвор од приемното
поле (1), трепка за кратко време последниот прикажан
приказ на правец „Ласерски зрак над средишната
линија" (j) или приказот на правец „Ласерски зрак под
средишната линија" (f). Овој приказ може да се вклучи
или исклучи преку менито за подесување.
Приказ за релативна висина (види слика B)
Ако ласерскиот зрак го пресретне приемното поле (1),
тогаш растојанието помеѓу ласерскиот зрак и средишната
линија на ласерскиот приемник во приказот за текст (e)
ќе се прикаже на екранот како апсолутна вредност.
Мерната единица на приказот за висина може да се
промени во менито за подесување („mm" или „in").
Осветлување на екранот
Екраните (5) на предната и задната страна на ласерскиот
приемник располагаат со осветлување на екранот.
Осветлувањето на екранот е вклучено:
– при вклучување на ласерскиот приемник,
– со секое притискање на копчињата,
– кога ласерскиот зрак се движи над приемното
поле (1).
Осветлувањето на екранот автоматски се исклучува:
– 30 s по секое притискање на копчињата, доколку
ласерски зрак не достигнал до приемно поле
– 2 min откако не е притиснато копче и доколку
позицијата на ласерскиот зрак во приемното поле не
се менува.
Осветлувањето на екранот може да се исклучи во менито
за подесување.
Поставката за осветлувањето на екранот ќе се зачува при
исклучувањето на ласерскиот приемник. По вклучување
на ласерскиот приемник, осветлувањето на екранот е
секогаш вклучено.
Bosch Power Tools
Поставки
Изберете ја поставката на приказот за средишна
линија
Може да одредите со колкава точност ќе се прикаже
позицијата на ласерскиот зрак на приемното поле (1)
како во „средина".
Актуелната поставка на приказот на средишната линија
може да се види на приказот за точност на приемот (c).
За да се промени точноста на приемот, притискајте на
копчето за подесување Точност на приемот (18) додека
на екранот се прикаже посакуваната поставка. Со секое
притискање на копчето за подесување Точност на прием
на кратко се појавува соодветната вредност на точноста
на приемот во приказот за текст (e).
Поставката за точност на приемот ќе се зачува при
исклучувањето.
Сигнален тон за приказ на ласерскиот зрак
Позицијата на ласерскиот зрак на полето за прием (1) се
прикажува со сигнален тон.
Може да ја промените гласноста или да го исклучите
сигналниот тон.
За менување одн. исклучување на сигналниот тон,
притискајте на копчето Сигнален тон (20), додека на
екранот не се прикаже посакуваната јачина. При пониска
гласност, приказот за сигнален тон (g) се појавува на
екранот со една црта, при повисока гласност со 3 црти, а
при исклучен сигнален тон се губи.
Независно од поставката за сигнален тон, се огласува
краток низок тон при првото пресретнување на
ласерскиот зрак со приемното поле (1) за потврдување.
Поставката на сигналниот тон ќе се зачува при
исклучувањето на ласерскиот приемник.
Мени за подесување
Повикување на менито за подесување: Притиснете
истовремено кратко на копчето X‑оска (16) и на копчето
Y‑оска (15).
За промена на поставка во под-менито: Притиснете го
копчето X-оска (16) или копчето Y-оска (15), за да
менувате помеѓу поставките. Последната избрана
поставка ќе се зачува автоматски кога ќе го напуштите
менито.
Менување подмени: Накратко притиснете го копчето за
режим на централна линија (17), за да одите во следното
подмени.
Напуштање мени за подесување: Притискајте го
копчето за режим на централна линија (17), додека се
исклучи менито за подесување. Алтернативно, менито за
подесување автоматски ќе се исклучи по околу 10 s по
последното притискање на копчето.
Следниве подменија се достапни:
– Мерни единици за приказ на релативна висина: При
повикување на менито за мерни единици се
прикажува актуелната одбрана мерна единица во
приказот за текст (e), достапните мерни единици може
да се видат во приказот Мерна единица (d).
Македонски | 147
1 609 92A 596 | (25.10.2019)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido