Напомена: Кочница на моторот (рачка на
кочница): Употребете ја рачката за да го запрете
моторот. Кога ќе ја отпуштите рачката, моторот и
сечилото запираат автоматски. За да косите, држете ја
рачката во работна позиција. Пред да почнете да
косите, проверете ја рачката за вклучување/запирање
неколку пати за да се осигурате дека работи
правилно. Осигурете се дека затегнатата сајла работи
лесно (т.е. не е заглавена ниту пак свиткана).
7-4 ГАСЕЊЕ НА МОТОРОТ
ВНИМАНИЕ: Сечилото се врти уште неколку
секунди откако ќе се изгаси моторот.
1. Ослободете ја рачката на кочницата за да запре
моторот и сечилото. (Сл. 24)
2. Откачете го и вземјете го кабелот за свеќичката
како што е наведено во посебното упатство за
моторот за да се спречи несакано палење додека
не се внимава на опремата.
7-5 ПОВРЗУВАЊЕ ЗА АВТОМАТСКО
ДВИЖЕЊЕ
Косилката е опремена со систем за прилагодување на
брзината што може да прилагоди 3 брзини од 3,0 km/h
до 4,5 km/h.
Положба „
": најбавна положба; Положба „
најбрза положба. (Сл. 25)
Треба да го направите следново:
1. Пуштајте ја рачката за контрола на самостојното
возење се додека косилката не престане да се
движи нанапред.
2. Прилагодете ја соодветната брзина што ја сакате.
3. Фатете ја рачката за контрола на самостојното
возење за да продолжите со косење. (Сл. 26)
ВНИМАНИЕ: Косилката е конструирана да
коси нормални тревници со трева не повисока од
250 mm.
Не обидувајте се да косите низ невообичаено висока
сува или мокра трева (на пр. пасиште) или купчиња
суви лисја. На главата на косилката може да се
насоберат отпадоци или да дојдат во допир со
издувниот канал на моторот, што претставува
потенцијална опасност од пожар.
7-6 ЗА НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ ПРИ
КОСЕЊЕ
Исчистете го тревникот од отпадоци. Внимавајте
тревникот да нема камиња, стапчиња, жици или други
туѓи предмети што косилката може случајно да ги
исфрли во која ибло насока и да предизвика тешки
повреди на операторот и на другите, како и штета на
имотот и околните објекти. Не косете мокра трева. За
ефикасно косење, не косете мокра трева бидејќи таа
се лепи за долниот дел на главата и спречува
правилно косење на парчињата трева. Не косете
повеќе од 1/3 од должината на тревата. Препорачано
сечење за косење е 1/3 од должината на тревата.
Брзината на движење по тлото треба да се прилагоди
за да може искосеното да се распредели рамномерно
по тревникот. За особено тешко косење на густа
трева, може да биде потребно да се користи една од
најмалите брзини за да се добие чисто добро косење.
Кога се коси висока трева, може ќе треба да го
искосите тревникот во две поминувања, спуштајќи го
сечилото уште 1/3 од должината при второто косење и
можеби косејќи по друга патека отколку првиот пат.
Преклопувајте ја патеката по малку при секое
поминување за да се исчистат преостанатите
парченца на тревникот. Со косилката треба да се
работи со полн гас за да се добие најдобро сечење и
за да може да искоси најефикасно. Исчистете ја
долната страна на главата. Внимавајте да ја чистите
долната страна на главата за косење по секоја
употреба за да спречите наталожување трева, што ќе
спречи правилно малчирање. Косење лисја. Косењето
лисја исто може да биде корисно за тревникот. Кога
косите лисја, внимавајте да се суви и да не се во
многу дебел слој на тревникот. Не чекајте сите лисја
да паднат од дрвјата пред да косите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако удрите во некој
предмет, сопрете го моторот. Извадете го кабелот од
свеќичката, темелно проверете ја косилката да не е
оштетена и поправете ја штетата пред повторно да ја
запалите и да работите со косилката. Прекумерни
вибрации на косилката за време на работата се
показател на оштетување. Уредот треба веднаш да се
":
испита и да се поправи.
7-7 СОБИРАЧ НА ТРЕВА
Има проѕирен прозорец на задниот капак низ кој може
да ја видите состојбата со трева во собирачот на
трева. Ако собирачот на трева е полн со трева, ќе
треба да го испразните и исчистите собирачот на
трева, да проверите дали е чист и да се осигурите
дека низ неговата решетка минува воздух. (Сл. 27)
7-8 ГЛАВА
Долната страна на главата за косење треба да се
исчисти по секоја употреба за да не се насоберат
парчиња трева, лисја, земја или други отпадоци. Ако
отпадоците се остават да се насобираат, може да
дојде до 'рѓосување и корозија и да не може правилно
да се малчира. Главата може да се чисти со
навалување на косилката и гребење со соодветна
алатка (внимавајте кабелот на свеќичката да е
откачен).
7-9 УПАТСТВА ЗА МЕСТЕЊЕ НА
ВИСИНАТА
ВНИМАНИЕ: Никогаш не вршете
прилагодувања на косилката ако претходно не сте го
сопреле моторот и не сте го откачиле кабелот на
свеќичката.
ВНИМАНИЕ: Пред да ја менувате висината за
косење, сопрете ја косилката и откачете го кабелот за
свеќичката.
265