MK
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се дадени во упат-
ството и соодветните слики (дадени на страницата 2 и следните) е
претставена со број што претходи на соодветниот пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА - машината може да се доставува со некои веќе
монтирани делови.
ВНИМАНИЕ – распакувањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за
поместување на машината и на амбалажата користејќи секо-
гаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност
со важечките локални закони.
1.1a
Ракофат тип "I" (Mодел 340)
Вметнете ги долниот десен (11) и лев (12) дел на ракофатот во
соодветните отвори и фиксирајте со дадените навртки (13) и му-
тери (13а).
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за
двата задни дела (11) и (12) меѓу горните дршки (15) (претходно из-
вадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3)
или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина.
За да се регулира силата на отпорот, треба да се деблокира секоја
од дршките (15) и да се зашрафи или отшрафи на вратилото до каде
што е потребно за да се обезбеди стабилно фиксирање на горниот
дел (14) врз двата задни дела на ракофатите (11) и (12) без примена
на прекумерна сила за блокирање или деблокирање.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е по-
сочено.
1.1b
Ракофат тип "II" (Mодел 340)
Вметнете ги долниот десен (11) и лев (12) дел на ракофатот во
соодветните отвори и фиксирајте со дадените навртки (13) и му-
тери (13а).
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за
двата задни дела (11) и (12) меѓу горните регулатори (15) (претходно
извадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора
(3) или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е по-
сочено.
Правилната позиција на куката за кабелот (19) е како што е при-
кажано.
1.1c
Ракофат тип "III" (Mодел 380)
Поставете ги во позиција за работа двата задни дела на ракофатот
(11) и (12) коишто се веќе поставени внимавајќи да се совпадне
клинот обележен со «>» ИСКЛУЧИВО со еден од двата жлеба обе-
лежени со «1» или «2» на забалото за да се постигне саканата
висина, а потоа блокирајте ги двете задни дршки (13).
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за
двата задни дела (11) и (12) меѓу горните дршки (15) (претходно из-
вадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора (3)
или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина.
За да се регулира силата на отпорот, треба да се деблокира секоја
од дршките (15) и да се зашрафи или отшрафи на вратилото до каде
што е потребно за да се обезбеди стабилно фиксирање на горниот
дел (14) врз двата задни дела на ракофатите (11) и (12) без примена
на прекумерна сила за блокирање или деблокирање.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е по-
сочено.
1.1d
Ракофат тип "IV" (Mодел 380)
Поставете ги во позиција за работа двата задни дела на ракофатот
(11) и (12) коишто се веќе поставени внимавајќи да се совпадне
клинот обележен со «>» ИСКЛУЧИВО со еден од двата жлеба обе-
лежени со «1» или «2» на забалото за да се постигне саканата
висина, а потоа блокирајте ги двата задни регулатори (13).
Позицијата треба да биде иста за двете страни.
Поставете ја горната страна на ракофатот (14) и блокирајте го за
двата задни дела (11) и (12) меѓу горните регулатори (15) (претходно
извадени од нивните лежишта), вметнати во еден од двата отвора
(3) или (4) со цел да се постигне крајната сакана висина.
Приклучете ги кабелот (16) и стегалките (17) и (18) како што е по-
сочено.
Правилната позиција на куката за кабелот (19) е како што е при-
кажано.
1.2
Спојте ги меѓу себе двете странични компоненти (1) и (2) на
вреќата и потоа поставете го горниот дел (3) закачувајќи ги пра-
вилно сите периметрални спојници.
Монтирајте ја дршката (4) на горниот дел од вреќата и вметнете ја
на соодветните места со кликнување.
1.3
Машината се доставува со делумно наполнета батерија
којашто е вметната во своето лежиште.
Пред употреба на машината, извадете ја батеријата и наполнете ја
докрај како што е посочено во точка 4.4.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
2.1
Активирањето и гаснењето на електричното коло на ма-
шината се одвиваат со помош на безбедносниот клуч (уред за
деактивирање) поставен во внатрешноста на одделот за батеријата.
Отворете ја вратичката (1) и вметнете го клучот (2) за да овозмо-
жите палење на моторот.
Треба да притиснете на крилцето за исклучување за да го извадите
клучот.
Со вадење на клучот, комплетно се деактивира електричното коло
за да се спречи неконтролирана употреба на машината.
2.2
Моторот се вклучува со помош на двостепен прекинувач за
да се избегне случајно придвижување.
За палење, притиснете го копчето (2), повлечете една од двете
рачки (1) и почекајте 2-3 секунди да се запали моторот.
Моторот автоматски се гасне со пуштање на двете рачки (1).
2.3
Регулацијата на висината за косење се изведува со помош
на дадените рачки (1).
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА НОЖОТ Е ВО МИРУВАЊЕ.
3. КОСЕЊЕ ТРЕВА
• Автономија на батеријата
Ако се користи во оптимални услови, една стандардна батерија
наполнета докрај овозможува тревокосачката да покоси околу 300
м2 од тревникот. Сепак, таа автономија може да се намали на при-
ближно 100 м
во случај на појава на несакана функција.
2
Автономијата на батеријата (што значи обработена површина трев-
ник пред повторно полнење) вообичаено е условена со:
а) ф акторите на средината на работа коишто предизвикуваат
најголема потрошувачка на батеријата,
– к осење на густа, висока, влажна трева,
б) о днесувањето на операторот кој треба да избегнува:
– ч есто палење и гаснење во текот на работата,
– п ремногу ниска поставеност на висината на косење во однос
на тревата,
– п ремногу голема брзина на движење во однос на тревата што
треба да се покоси.
За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:
– д а се коси тревата кога тревникот е сув,
– д а се коси тревата често за да не достигне преголема висина,
– д а се постави најдобрата висина за косење кога тревата е многу
висока и да се спроведе уште едно косење на нископоставена
висина,
– д а не се користи машината со функцијата „дробење" кога тревата
е многу висока.
Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга
работа и користите стандардна батерија, може:
– д а набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш
потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата,
– д а набавите батерија со поголема автономија во однос на стан-
дардната батерија (
6.2).
ЗАБЕЛЕШКА - оваа машина дозволува косење на тревникот на
различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е да ја
поставите машината во правецот како што имате намера да косите.
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.
3.1a
Подготовка за косење и собирање на тревата
во вреќа
– Подигнете ја заштитата за заден испуст (1) и прикачете ја пра-
вилно вреќата (2) како што е посочено на сликата.
65