MK
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за моторот и аку-
мулаторот (ако се доставени).
ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се дадени
во упатството и соодветните слики (дадени на страниците
2 - 3) е претставена со број што претходи на соодветниот
пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со
некои веќе поставени делови.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да
се извршат на цврста и рамна површина со доволно
простор за поместување на машината и на амбалажата
користејќи секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во
согласност со важечките локални закони.
1.1
Вратете го во работна позиција долниот дел на веќе
поставената рачка (1) и блокирајте ја меѓу долните
ракофати (2).
Монтирајте го горниот дел (3) користејќи го ракофатот (4) и
приложените завртки.
Поставете ги стегалките на каблите (5) како што е
прикажано и фиксирајте ги каблите за командите.
Вметнете го јажето за палење во спиралата за водење (6)
и зашрафете ја навртката (7).
1.2
Кај моделите со електрично палење, спојте го
кабелот на акумулаторот со конекторот на главниот систем
кабли на тревокосачката.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
2.1
Забрзувачот (ако има) се управува со рачка (1).
Позициите на рачката се посочени на соодветната плочка.
Кај некои модели е предвиден мотор со фиксен режим без
потреба од забрзувач.
2.2
Кочницата за сечивото се управува со рачка (2) која
треба да се држи кон држачот за палење и во текот на
работа на тревокосачката. Моторот се гаси со ослобо-
дување на рачката.
2.3
Кај моделите со влеча, придвижувањето на
тревокосачката се извршува со притискање на рачката (1)
кон држачот. Тревокосачката престанува да се движи со
ослободување на рачката.
2.4
Регулацијата на висината за косење се изведува со
помош на дадените рачки (1). Сите четири тркала треба да
се регулираат на иста висина.
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОВАА ОПЕРАЦИЈА КОГА НОЖОТ Е ВО
МИРУВАЊЕ.
3. КОСЕЊЕ ТРЕВА
3.1
За придвижување, следете ги упатствата во
упатството за моторот, значи, повлечете ја рачката за
кочницата (1) кон држачот и потоа цврсто повлечете го
ракофатот на јажето за палење (2).
Кај моделите со електричен погон, повлечете ја рачката на
кочницата (1) кон рачката и свртете го клучот за контакт
(3).
3.2
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако
косењето се изведува секогаш на иста висина и
46
наизменично во два правци.
Машините опремени со системот MULCHING ја ја косат
тревата, ја ситнат и ја распространуваат одново по
тревникот.
На тој начин нема потреба да ја собирате иситнетата
тревата.
Следете ги следните упатства за да постигнете најдобри
резултати со системот MULCHING:
1. Моторот треба да работи со најголема брзина (во полн
режим).
2. Не користете ја машината на мокра трева.
3. Не косете прениска трева. Не треба да косите повеќе
од 1/3 од должината на тревата.
4. Проверете дали просторот под рамката на тревоко-
сачката е чист.
5. Секогаш користете само добро наострени сечива.
Совети за третман на тревникот
Секој вид на присутната трева има различни
карактеристики и може да бара различни режими на
косење на тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата
што се содржани на пакувањето на семето во однос на
висината на препорачано косење во однос на условите на
растење во пределот каде е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист
вид и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата
се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното
косење ќе биде многу тешко.
Г енерално, вреди да се следат следните упатства:
– многу ниско косење предизвикува корнење и
проретчување на тревната површина со што остануваат
"голи места" ,
– на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне
исушување на теренот,
– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја
намали ефикасноста на сечивата врз тревата бидејќи ќе
се лепи и ќе предизвика заглавување на слој од трева,
– во случај на делумно израсната трева, најдобро е да
прво да се искоси на најголема висина што ја дозволува
машината, проследено со второ косење по два или три
денови.
3.3
Кога ќе завршите со косењето, отпуштете ја рачката
на кочницата (1) и исклучете го кабелот од свеќичката (2).
Извадете го клучот (3) од стартерот (на моделите кои го
имаат).
Пред да започнете со било какви работи на косачката
ПОЧЕКАЈТЕ НОЖОТ ПОТПОЛНО ДА ЗАПРЕ.
4. РУТИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО - Регуларното и грижливо чување е неопходно
за
да
се
сочуваат
оригиналноста на тревокосачката.
Тревокосачката одлагајте ја на суво место.
1) Треба да се носат цврсти ракавици за работа пред секое
чистење, чување или регулирање на тревокосачката.
2) Внимателно мијте ја тревокосачката со вода по секое
сечење: отстранете ги остатоците од кал и тревки
наталожени во внатрешноста на шасијата за да
избегнете исушување на истите кои можат да
предизвикаат потешкотии во наредното користење.
3) Кај моделите со лакирано куќиште, со текот на
работата, лакот од долниот дел на куќиштето може да
отпадне заради абразивното дејство на покосената
трева; во тој случај, треба спремно да интервенирате со
премачкување лак против 'рѓосување за да се спречи
создавање 'рѓа, а со тоа и корозија на металот.
степенот
на
сигурност
и