Ставање Во Употреба - Bosch GLL 2-10 Professional Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GLL 2-10 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 25
OBJ_BUCH-2825-002.book Page 133 Wednesday, August 24, 2016 4:01 PM
Работење со ротациониот држач RM 1
(види слики J1–J2)
Со помош на ротациониот држач 18 можете да го вртите
мерниот уред околу централната и секогаш видлива точка
на вертикала за 360°. Со тоа точно се поставуваат
ласерските линии, без да ја промените позицијата на
мерниот уред.
– Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб 21 на
шината водилка 22 на ротациониот држач 18 и
притиснете го мерниот уред до крај на платформата.
За да го извадите, извлечете го мерниот уред во
обратен правец од ротациониот држач.
Можности за позиционирање на ротациониот држач:
– во исправена положба на рамна површина,
– прицврстен на вертикална површина,
– со помош на магнет 24 на метална површина,
– поврзан со метална стега 19 на метални тавански
лајсни.
Употреба
Ставање во употреба
 Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
 Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба. При екстремни температури или
осцилации во температурата, прецизноста на мерниот
уред може да се наруши.
 Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете проверка на точноста (види
„Точност при нивелирање").
 Исклучете го мерниот уред за време на транспортот.
При исклучувањето, се блокира осцилирачката
единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 во позиција
on" (за работење без автоматиката за нивелирање)
или во позиција „
on" (за работење со автоматика за
нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред
пушта ласерски линии од излезните отвори 1.
 Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 во позиција
„Off". При исклучување, осцилирачката единица се
блокира.
При пречекорување на највисоката дозволена работна
температура од 50 °C се исклучува заради заштита на
Bosch Power Tools
ласерската диода. Откако ќе се олади, мерниот уред е
повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Автоматика на исклучување
Доколку околу 120 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
– За да го вклучите мерниот уред веднаш по
автоматското исклучување, можете или најпрво да го
притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување
2 во позиција „
" и потоа повторно да го вклучите
мерниот уред, или да притиснете или на копчето 5 или
на копчето 6.
Деактивирање на автоматиката за исклучување:
– За да ја деактивирате автоматиката за исклучување,
држете го притиснато копчето 5 на мерниот уред
најмалку 3 s. Доколку автоматиката за исклучување е
деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат за
потврда.
Напомена: Ако работната температура ја надминува
45 °C , автоматиката за исклучување не може да се
деактивира.
Активирање на автоматиката за исклучување:
– За да го активирате автоматското исклучување,
исклучете го мерниот уред и повторно вклучете го.
Начини на работа (види слики A – C)
Мерниот уред има три начини на работа, кои може да ги
промените во било кое време:
– Хоризонтален режим „–": создава хоризонтална
ласерска линија,
– Вертикален режим „l": создава вертикална ласерска
линија,
– Режим на вкрстени линии „–" и „l": создава
хоризонтална и вертикална ласерска линија.
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во режим со
вкрстени линии. За да се промени режимот на работа,
исклучете ја хоризонталната или вертикалната ласерска
линија со копчињата 5 или 6.
Сите три начини на работа може да се изберат со и без
автоматика за нивелирање.
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста
подлога, прицврстете го на држачот 20 или на стативот 15.
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање
автоматски ги израмнува нерамнините во полето на
самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом
ласерските линии не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр.
бидејќи подлогата на мерниот уред отстапува повеќе од 4°
на хоризонталата, ласерските линии трепкаат во брз такт.
При вибрации или промена на положбата за време на
работата, мерниот уред повторно се нивелира
автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска
линија во однос на референтните точки за да се избегнат
грешки.
Македонски | 133
1 609 92A 3G0 | (24.8.16)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido