Dremel 7020 Traducción De Las Instrucciones Originales página 229

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
1
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
2
УПОТРЕБЕТЕ ЗАШТИТА ЗА ОЧИТЕ
3
УПОТРЕБЕТЕ МАСКА ПРОТИВ ПРАШИНА
4
ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ НЕ ФРЛАЈТЕ ГО ВО ОТПАДОТ ЗА
ДОМАЌИНСТВАТА!
ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО
ВРСКА СО ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
!
Ако не се следат предупредувањата и упатствата, може да дојде до струен
удар, пожар и/или сериозна повреда. Чувајте ги сите предупредувања
и упатства за идно користење. Изразот „електричен алат" во
предупредувањата се однесува на електричниот алат кој се приклучува на
електрична мрежа (со кабел) или на електричен алат со батерија (без кабел).
БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР
a. Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Неуредните и
темни работни простори можат да предизвикаат незгоди.
b. Не работете со електричниот алат во експлозивна средина, како на пр.
во близина на запалливи течности, гасови или прашина. Електричните
алати прават искри кои можат да ја запалат прашината или пареата.
c. Додека работите со електричниот алат, оддалечете ги децата и другите
лица. Невниманието може да биде причина за губење на контролата.
ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
a. Приклучницата на алатот мора да одговара на штекерот. Никогаш и на
никаков начин немојте да ја модифицирате приклучницата. Немојте
да користите адаптери на штекер со заземjени електрични алати.
Оригиналните приклучници и соодветните штекери го намалуваат
ризикот од електричен шок.
b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини, какви што се
цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Ризикот од електричен шок е
зголемен ако Вашето тело е заземјено.
c. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови. Водата што ќе
продре во електричниот алат ќе го зголеми ризикот од електричен шок.
d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот никогаш не користете
го за носење, влечење или за исклучување на електричниот алат.
Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и
подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли го зголемуваат
ризикот од електричен шок.
e. Кога работите со електричниот алат надвор, користете продолжен
кабел кој е погоден за надворешна употреба. Користењето на кабел кој
е погоден за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен
шок.
f.
Ако работењето со електричен алат на влажна локација не може
да се избегне, користете oосигурувач со диференцијална струјна
заштита (RCD - residual current device). Користењето осигурувач со
диференцијална струјна заштита при дефект го намалува ризикот од
електричен шок.
ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ
a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и користете здрав разум
додека ракувате со електрични алат. Не користете електричен алат ако
сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекарства. Само
еден момент на невнимание додека ракувате со електричен алат може
да доведе до сериозни телесни повреди.
MK
УПОТРЕБЕНИ СИМБОЛИ
ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИТЕ УПАТСТВА
229

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido