Dremel 7020 Traducción De Las Instrucciones Originales página 231

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 83
измијте се со вода. Ако течноста дојде во контакт со очите, побарајте
медицинска помош. Течноста која истекла од батериите може да
предизвика иритација или изгореници.
СЕРВИС
a. Вашиот електричен алат нека го сервисира квалификуван сервисер
со користење само на идентични резервни делови. На овој начин ќе се
обезбеди одржување на сигурноста на електричниот алат.
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА СИТЕ ВИДОВИ
БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ ВООБИЧАЕНИ ЗА
БРУСЕЊЕ, ШМИРГЛАЊЕ, ЧЕТКАЊЕ СО ЖИЦА, ПОЛИРАЊЕ,
РЕЗБАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ
a. Овој електричен алат е наменет за употреба при глодање, брусење,
работење со жичена четка, полирање или сечење. Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации
кои се приложени со овој алат. Доколку не се почитуваат сите
долунаведени упатства, може да дојде до електричен шок, пожар и/или
сериозни повреди.
b. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и препорачан
од страна на производителот на алатот. Самото тоа што на Вашиот
алат може да се приклучи прибор не значи дека е осигурено и безбедно
работење.
c. Номиналната брзина на приборот за брусење мора да биде поголема
или еднаква на максималната брзина што е означена на алатот.
Приборот за брусење кој работи со брзина поголема од неговата
номинална брзина, може да се скрши и да се разлета.
d. Надворешнот пречник и дебелината на Вашиот прибор мора да бидат
во рамките на капацитетот на Вашиот електричен алат. Приборот со
неисправна големина не може да соодветно да се контролира.
e. Големината на вретеното на шајбната, на добошите за брусење или
на кој и да е друг прибор мора да се фаќа на вретеното или стезната
глава на електричниот алат. Приборот кој не одговара на вретеното на
електричниот алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе вибрира и може
да предизвика губење на контролата.
f.
Шајбните кои се монтираат на осовинката, добошите за брусење,
секачите или другиот прибор мора да бидат целосно вметнати во
стезната глава или прстен. Доколку осовинката е недоволно прицврстена
и/или пак испустот на шајбната е предолг, монтираната шајбна може да
се олабави и да испадне при висока брзина.
g. Немојте да користите оштетен прибор. Пред секоја употреба проверете
дали на приборот, како што е брусната плоча или брусната подлога,
има пукнатинки или ломови и дали се прекумерно изабени, дали на
жичената четка има лабави или искршени жици. Ако електричниот
алат или приборот Ви паднале, проверете дали има оштетувања или
монтирајте неоштетен прибор. По прегледувањето и монтирањето
на приборот, тргнете ја од себе и од останатите присутни лица
површината на ротациониот прибор и во траење од една минута
вклучете го електричниот алат да работи со максимален број на
вртежи. Оштетениот прибор обично ќе се скрши во текот на ова
тестирање.
h. Носете опрема за лична заштита. Во зависност од уредот, користете
заштита за лицето, заштита за очите или заштитни очила. Ако е
потребно, носете маска против прашина, заштита за ушите, ракавици
и работна престилка која може да заштити од мали честички
или отпадоци од брусење. Заштитата за очи мора да штити од
разлетаните честички кои настануваат при различни операции. Маската
за прашина или респираторната маска мора да бидат во можност да
заштитат од разлетаните честички кои настануваат при Вашето
работење. Доколку подолготрајно сте изложени на висока бучава, тоа
може да предизвика губење на слухот.
i.
Лицата кои се наоѓаат во близина нека стојат на доволна оддалеченост
од работниот простор. Лицата што ќе останат во Вашиот работен
простор мора да носат опрема за лична заштита. Честички од
ОПЕРАЦИИ
231

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido