Регулација На Висината На Косењето; Косење Трева - GGP ITALY EL 340 Li 48 Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para EL 340 Li 48:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 85
2.2 Двостепен прекинувач
Моторот се вклучува со помош на двостепен прекину-
вач за да се избегне случајно придвижување.
За палење, притиснете го копчето (2), повлечете една
од двете рачки (1) и почекајте 2-3 секунди да се запа-
ли моторот.
ВНИМАНИЕ!
Палењето на моторот предизви-
кува истовремено активирање на уредот за косење.
Моторот автоматски се гасне со пуштање на двете
рачки (1).
2.3
Регулација на висината на косењето
Регулацијата на висината за косење се изведува со по-
мош на дадените рачки (1).
ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ СО ЗАСТАНАТ УРЕД
ЗА КОСЕЊЕ.
3. КОСЕЊЕ ТРЕВА
• Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата (што значи обработена
површина тревник пред повторно полнење) вообича-
ено е условена со:
а) факторите на средината на работа коишто преди-
звикуваат најголема потрошувачка на батеријата,
– косење на густа, висока, влажна трева,
b) однесувањето на операторот кој треба да избег-
нува:
– често палење и гаснење во текот на работата,
– премногу ниска поставеност на висината на
косење во однос на тревата,
– премногу голема брзина на движење во однос на
тревата што треба да се покоси.
ЕЛЕКТРОНСКИ АДАПТЕР НА ВРТЕЖИ
Оваа машина се состои од електронски систем
„ЕЛЕКТРОНСКИ АДАПТЕР ЗА ВРТЕЖИ" којшто го ре-
гулира бројот на вртежи на моторот согласно моќноста
која што е неопходна во текот на косењето на тревата.
Системот „ЕЛЕКТРОНСКИ АДАПТЕР ЗА ВРТЕЖИ" ја
оптимизира автономијата на акумулаторот. Кога тре-
вата е ниска (минимална моќност), машината работи
со мал број вртежи (ја намалува предвидената бучава),
зголемувајќи ја автономијата на акумулаторот. Кога
тревата е висока (максимална моќност), машината ра-
боти со голем број вртежи (ја зголемува предвидената
бучава), намалувајќи ја автономијата на акумулаторот.
За да се зголеми автономијата на батеријата, секо-
гаш треба:
– да се коси тревата кога тревникот е сув,
– да се коси тревата често за да не достигне прего-
лема висина,
– да се постави најдобрата висина за косење кога
тревата е многу висока и да се спроведе уште едно
косење на нископоставена висина,
– да не се користи машината со функцијата „дробење"
кога тревата е многу висока.
Во случај кога сакате да ја користите машината за
многу долга работа и користите стандардна батерија,
може:
– да набавите втора стандардна батерија за да ја за-
мените веднаш потрошената батерија без да треба
да ја прекинувате работата,
– да набавите батерија со поголема автономија во од-
нос на стандардната батерија (видете 5.1).
ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува косење на
тревникот на различни начини. Пред да започнете со
работа, потребно е да ја поставите машината во праве-
цот како што имате намера да косите. ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА
ОПЕРАЦИЈАТА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.
3.1a Поставување за косење и собирање на тре-
вата во вреќата за собирање:
– Подигнете ја заштитата за заден испуст (1) и прика-
чете ја правилно вреќата за собирање (2) како што е
посочено на сликата.
3.1b Поставување за косење и заден испуст на
тревата:
– Извадете ја вреќата за собирање и проверете дали
заштитата со задниот испуст (1) е стабилно спуш-
тена.
3.1c Подготовка за косење и дробење на тре-
вата (функција „дробење" – mulching, ако е
предвидено):
– Подигнете ја заштитата на задниот испуст (1), вмет-
нете го капакот на дефлекторот (5) во отворот на
испустот и придвижете го докрај за да се спои пра-
вилно со внатрешниот профил на рамот на отворот
на испустот .
За да го извадите капакот на дефлекторот (5), поди-
гнете ја заштитата на задниот испуст (1) и извлечете го
држејќи го подигнат за да се откачи од задниот профил
на рамот на отворот на испустот.
3.2 Палење
Проверете дали батеријата е наполнета и правилно
вметната во своето лежиште како што е посочено во
точка 4.4.
Отворете ја вратичката (1), потоа вметнете го безбед-
носниот клуч (2), со тоа што треба да слушнете звук на
„кликнување".
За вклучување на моторот, притиснете го безбеднос-
ното копче (4) и повлечете една од двете рачки (3) на
прекинувачот.
3.3 Косење трева
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако
косењето се изведува секогаш на иста висина и наи-
зменично во два правци.
Кога вреќата за собирање трева ќе се наполни,
собирањето нема да биде ефикасно и звукот на маши-
ната се менува.
За да ја извадите и испразните вреќата за собирање:
– пуштете ја рачката на прекинувачот и почекајте да се
смири уредот со сечивото,
– подигнете ја заштитата за заден испуст, зафатете
ги ракофатите и извадете ја вреќата за собирање
држејќи ја исправено.
• Во случај на „дробење": секогаш избегнувајте да
косите огромна количина на трева. Никогаш не ко-
сете повеќе од една третина од вкупната висина
на едно поминување! Прилагодете ја брзината на
движење во согласност со условите на тревникот и
со количината на положената трева.
6

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

El 380 li 48

Tabla de contenido