Вшмукување На Прав/Струготини - Bosch GBG 35-15 Professional Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para GBG 35-15 Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 21
OBJ_BUCH-3101-002.book Page 117 Friday, June 2, 2017 2:46 PM
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да
се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или
едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова
може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
– Прицврстете го електричниот алат на 4 за тоа
предвидени отвори 7 со соодветните завртки на
работната маса/работната плоча.
Заштита од искри/монтирање на основата на
предметот за обработка (види слики A–D)
 Употребете го електричниот алат само со заштитна
маска 11 и свртете ја колку што можете кон долу.
Искрите може да ги оштетат Вашите очи или може да
предизвикаат пожар на објектите во таа околината.
 Употребете го електричниот алат само со основата
на предметот за обработка. Не ги заменувајте
десната и левата основа на предметот за обработка
12. Растојанието помеѓу основата на предметот за
обработка 12 и брусното тркало е инаку преголемо.
При поголемо растојание не сте доволно заштитени од
искрите што летаат. Предметот за обработка може да
биде повлечен преку ротационото движење на
брусното тркало и да предизвика повреди.
– Монтирајте го држачот за заштитата од искри 10 со
двете завртки.
– Зацврстете ја заштитата од искри 11 на држачот за
заштитата од искри 10.
– Монтирајте ја основата на предметот за обработка 12
како што е прикажано на сликата.
 Проверете го секогаш растојанието помеѓу
основата на предметот за обработка 12 односно
држачот на заштитата од искри 10 кон брусното
тркало и и евентуално прилагодете го. Растојанието
кон брусното тркало не смее да биде поголемо од
2 mm. При поголемо растојание не сте доволно
заштитени од искрите што летаат. Предметот за
обработка може да биде повлечен преку ротационото
движење на брусното тркало и да предизвика повреди.
Промена на брусните тркала
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
Bosch Power Tools
 Не е дозволена примена на брусни плочи, чии
пречници ги надминуваат податоците на
електричниот алат.
Променете ги брусните тркала, доколку држачот за
заштита од искри 10 повеќе не дозволува да се
прилагодува потребното растојание од најмногу 2 mm кон
брусното тркало.
– Олабавете ги 3-те завртки на капакот 1 и извадете го 1.
Држете го цврсто брусното вретено 5 со вилушкаст
клуч 9 и одвртете ги навртките за затегнување 2 од
брусното вретено 5.
Напомена: Оската на брусилката која излегува н алевата
страна на електричниот алат 5 има лев навој.
– Извадете ги приклучната прирабница 3 и брусното
тркало од оската на брусилката 5.
– Монтирањето на новото брусно тркало следува по
обратен редослед. Поставете ја покривката 1 повторно
со цврсто притискање и зацврстете ја со 3 завртки.
 Употребете го електричниот алат само доколку
алатите што се вметнуваат се монтирани на двете
вретена. Со тоа се избегнува контактот со ротирачкото
вретено.
Наострете ги употребуваните и оштетените нетркалезни
брусни тркала пред натамошната употреба со брусен
камен (прибор).
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Македонски | 117
1 609 92A 3NT | (2.6.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido