ПОТЕЗНА ПИЛА ЗА КОСО СЕЧЕЊЕ
MSM1039
Благодариме за купувањето на овој FERM
производ. Со тоа имате одличен производ,
испорачан од еден од водечките добавувачи
во Европа. Сите производи доставени од
страна на FERM се произведени според
највисоките стандарди на перформанси и
безбедност. Како дел од нашата филозофија
обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со
врвна сеопфатна гаранција. Се надеваме дека
ќе уживате користејќи го овој производ многу
наредни години.
Броевите во текстот се однесуваат на
дијаграмите на стр. 2-3
Внимателно прочитајте ги
упатствата за работа пред да го
користите уредот. Запознајте се со
функциите и основните операции.
Сервисирајте го уредот според
инструкциите, за да се осигурате
дека секогаш правилно ќе
функционира. Упатствата за
ракување и придружната
документација треба да се чуваат во
близина на уредот.
Намена
Електричниот алат е наменет, како стационарна
машина, за надолжно и попречно сечење во
дрво. Можни се хоризонтални коси агли од -45°
до +45° како и вертикални наклонети агли од -45°.
Оваа пила е наменета само за сечење
на дрво. Не ја користете пилата за
да исечете други материјали освен
дрвото.
Содржина
1. Информации за машината
2. Безбедност
3. Монтажен прибор
4. Ракување
5. Сервис и одржување
96
1. ИНФОРМАЦИЈА ЗА
МАШИНАТА
Технички карактеристики
Мрежен напон
Капацитет
Класа на заштита
Брзина без оптеретување
Мери на листот за пила
Агол за косо сечење
Агол на наклон
Max. капацитет на косо сечење:
Косо 0º, под наклон 0º
Косо 0º, Под наклон 45º
Косо 45º, Под наклон 0º
Косо 45º, под наклон 45º
Тежина
Lpa (ниво на звучен притисок
Lwa (акустична моќност)
Ниво на вибрации
Нивото на емисијата на вибрациите, наведено
во упатствово, е измерено во согласност со
стандардизиран тест даден во EN 61029-1; тој
може да се користи за споредување на еден
алат со друг како и за прелиминарна процена
на изложеност на вибрации при користење на
алатот во споменатите апликации
-
користењето на алатот за различни
апликации или со различни или слабо
одржуван прибор, може значително да го
зголеми нивото на изложеност
-
времето кога алатот е исклучен или кога
работи, но не ја врши работата, може
значително да го намали нивото на
изложеност.
Заштитете се од ефектите на вибрациите со
одржување на алатот и приборот, рацете да
ви бидат топли и организирајте ги работните
навики.
Карактеристики
Слики 1, 2, 3, 4 и 5
1. On/off прекинувач
2. On/off прекинувач за ласер
3. Копче за одбравување (заштитен капак за
листот)
4. Капак за јаглени четкички
5. Забравна чивија
6. Заштитен капак за листот
7. Стега за работно паче
220-240V~, 50Hz
1500W
II (двојна изолација)
4.500/min
210x30x2.8mm
45º (лево и десно)
45º (само лево)
70x305mm
35x305mm
70x210mm
35x210mm
12 kg
93.6+3 dB(A)
106.6+3 dB(A)